Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи, прашан дали Законот за правична застапеност ќе се формира според пописот на населените, и дали станува збор за пописот на резидененти жители или и на дијаспората, потврди оти е точно дека определбата во рамките на методологијата за правичната застапеност ќе се базира според последните резултати од пописот. Но, како што рече, Законот не определува дали се работи за резидентно или нерезидентно население. Одговорноста ќе биде на координативното тело и Агенцијата за администрација.
-Точно е дека определбата во рамките на методологијата за правичната застапеност ќе се базира според последните резултати од пописот. Во Законот не се определува дали се работи за резидентно или нерезидентно население. Во Законот се определува дека ќе имаме координативно тело на политичко ниво, што ќе се раководи од вицепремиер со ресорните министри и Агенцијата за администрација, каде ќе се дискутира поконкретно за содржината на методологијата, вклучувајќи и таргети, кои ќе се предложат и ќе се валидираат на политичко ниво, во рамките на координативното тело, кое е дел од извршната власт, рече Фетаи на денешната панел-дискусија по повод една година Влада.
Тој напомена дека категориите резидентното или нерезидентното население се создадоа преку методологијата за попис на население. Како што рече, последниот попис не фигурира во Законот во врска со овој дел.
-Кога сме кај резидентното или нерезидентното население, сакам да кажам дека ваквите категории се создадоа преку методологијата за попис на население. Последниот попис не фигурира во Законот во врска со овој дел. Има предмет во Устаниот суд и треба да го видиме епилогот од овој предмет. Одговорноста ќе биде во рамките на координативното тело и Агенцијата за администрација, рече Фетаи.
Тој потврди дека Предлог законот за правична застапеност нема да биде со европско знаменце, а ќе оди на мислење во Венецијанската комисија.
Фото: принтскрин