• Latest

Фидан: Решавањето на регионалните проблеми не треба да го очекуваме само од надворешни фактори, треба да се обидеме сами

September 5, 2024

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Фидан: Решавањето на регионалните проблеми не треба да го очекуваме само од надворешни фактори, треба да се обидеме сами

September 5, 2024 15:18
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Решавањето на регионалните проблеми не треба да го очекуваме само од надворешни фактори и од меѓународната заедница. Ние, како земји од регионот, треба да се обидеме сами да ги решаваме нашите проблеми. Да чекаме некој друг да дојде и да ни ги реши проблемите е полесниот начин, но така тие не се решаваат ниту на начин, ниту со темпото кое очекуваме, порача турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, кој се наоѓа во официјална посета на земјава.

Прашан за отворените прашања на Балканот и каков е пристапот на Турција, Фидан рече дека, не само на Балканот, и низ останатите географски региони, Турција е особено чувствителна на темата „регионално присвојување“.

–  Политичките проблеми со кои се соочуваме на Балканот, се проблеми кои се наследени од историјата и ние имаме единствен пат овие проблеми да ги решиме на мировен начин, со дијалог и да направиме се што е можно во таа насока. Во блиско минато имаме многу тажни примери, кога војната и конфликтите ни носат рушевини, изјави Фидан по средбата со неговиот домаќин Тимчо Муцунски.

Турција, нагласи Фидан, има активен пристап за решавање на проблемите на мировен начин и со дијалог, како во Босна и Херцеговина, така и за процесот меѓу Белград и Приштина.

–  Ги поддржуваме и меѓународните иницијативи, а исто така, цело време се заложуваме и во насока што би можеле ние да направиме. Го поддржуваме процесот меѓу Белград и Приштина, и за средбите и активностите кои не се обзнаени во медиумите, ги поддржуваме и даваме максимален придонес. Но, би сакал да повторам. Имаме еден и единствен начин, на мирен начин, преку дијалог да се фокусираме на решавање на проблемите, бидејќи не треба ниту да помислуваме на конфликтите и  војната, изјави Фидан.

Балканот во изминатите 20 години, на многу тажен начин имаше многу болни искуства, рече Фидан, нагласувајќи дека не треба да мислиме само за лични придобивки, туку да направиме системски пристап за голем раст и благосостојба на целиот регион.

–   Ако успееме во тоа ќе може идентитетските политики кои ни се наметнуваат од минатото и нивните деструктивни средби, мислам дека можеме да ги елиминираме и на тој начин сите народи од регионот, ќе може да ги зачуваат нивните идентитети, сите држави ќе го зачуваат својот суверенитет и територијалниот интегритет и ќе може да живееме во мир. Но, треба да бидеме доблесни, она што го сакаме за себе, во иста мера да го сакаме и за другиот. Кога ќе го постигнеме тоа ниво, верувам дека ќе се постигне мирот во регионот, изјави Фидан, пренесе МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ