• Latest
Torlak institut za virusologiju, vakcine i serume
Bgd.15.03.2011.
foto: I. Marinkovic zgrada

Филипче: До Институтот „Торлак“ ќе можеме да се обратиме за секоја нарачка на вакцини

April 20, 2021
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: До Институтот „Торлак“ ќе можеме да се обратиме за секоја нарачка на вакцини

April 20, 2021 15:57
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Torlak institut za virusologiju, vakcine i serume
Bgd.15.03.2011.
foto: I. Marinkovic zgrada

Torlak institut za virusologiju, vakcine i serume Bgd.15.03.2011. foto: I. Marinkovic zgrada

Share on FacebookShare on Twitter

Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Белград ќе биде местото каде ние за секоја понатамошна нарачка на вакцини може да се обратиме и согласно капацитетот можеме да сметаме дека ќе има доволно количини и за нашите граѓани, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче по посетата на Институтот.

Тој посочи дека на состанокот со српскиот министер за здравство Златибор Лончар, на кој разговарале за важни теми во делот на менаџментот на целокупната криза со Ковид-19 и во делот на епидемиолошките мерки, препораки и во делот на третманот на пациенти и инфраструктурата и нејзиното надградување, размениле искуства за пристапот во делот на правење на ковид-центрите, терапевтскиот пристап и разликите кај пациентите според клиничката слика во овој бран споредено со бранот од минатата година.

– Заклучивме дека многу работи се многу слични, односно исти и дека дефинитивно во регионот има практично идентични движења што се однесува до епидемијата. Изразив голема благодарност за донираните вакцини и во таа смисла после разговорот потврдив дека сите српски граѓани кои ќе транзитираат низ нашата земја ќе бидат ослободени од плаќање на патарина како еден гест од наша страна апро по донацијата на вакцини што ја добивме од Србија, истакна Филипче.

Овој Институт, нагласи министерот, е познат по својата експертиза и искуство и постои приближно 100 години.

– Пред неколку години не знаејќи дека доаѓа ваква криза значајно се надградени капацитетите за производство и целокупната машинерија е целосно обновена што сега довело до тоа да бидат подготвени последната фаза од производство на вакцината „Спутник В“ да може да се одвива и тука. Планирани се вкупно милион вакцини на месец од двете компоненти од вакцината на „Спутник“. Ова е производство што се дополнува на веќе постојното производство на други вакцини како дитепер, БСЖ, а тоа се вакцини со кои Институтот „Торлак“ години наназад ги снабдуваше сите земји на поранешна Југославија, рече Филипче и се заблагодари на домаќините за одличниот прием.

Тој додаде дека соработката, како што и сега се одвива во делот на менаџирањето на ковид-кризата, исто така како што претходно се одвивала во делот на соработката во многу други струки на здравството и медицината, ќе продолжи и понатаму.

Државниот секретар во Министерството за здравство на Србија, Мирсад Ѓерлек рече дека во Институтот „Торлак“ веќе се подготвува производството на вакцините „Спутник В“.

– Капацитетот ќе биде милион дози на месечно ниво. Ние сакаме да покажеме солидарност, како што тоа го правевме досега кога ги добивавме вакцините од нашите пријатели. Тоа што ќе се произведува во „Торлак“ нема да биде само за потребите на Република Србија, туку и за потребите на целиот регион, а посебно за нашата братска и соседска држава Северна Македонија, потенцира Ѓерлек.

Одговарајќи на новинарско прашање Ѓерлек рече дека очекуваат првите дози да ги произведат меѓу 5 и 10 јуни и се надева до 5 јули да бидат произведени околу милион дози вакцина „Спутник В“. – Со оглед дека имаме одлични односи со раководството на Северна Македонија се надевам дека ќе можеме да им излеземе во пресрет на сите граѓани кои живеат во Северна Македонија и еден дел да се одвои и за вашите граѓани, посочи Ѓерлек.

Тој потенцира дека вчера во посета на „Торлак“ бил претседателот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, кој изјавил дека негов приоритет се сите земји на Западен Балкан и посебно го поздравил тоа што Србија ќе произведува вакцини „Спутник В“, но и на „Синофарм“, која ќе почнат да ја произведуваат многу брзо во кооперација со Обединети Арапски Емирати и со Кина.

– Посебно се заблагодари на нашата држава и на претседателот на солидарноста која ја покажавме во тешки моменти дури и со земјите со кои не сме баш политички во најдобри односи. Ние покажавме дека вакцините не треба да ги ставаме во геополитички терен, туку во спасување на животи, така што исти ни се животите на граѓаните кои живеат и во Србија и тие кои живеат во Северна Македонија, во Албанија, Црна Гора, Република Српска. Мислам дека ние треба да си помагаме едни на други во вакви тешки ситуации. Во Белград имаме четири локации. Во наредните неколку недели ќе се одреди каде ќе се прави фабрика и до крајот на годината ќе се произведува „Синофарм“ вакцината во Србија, истакна Ѓерлек.

Одговарајќи на новинарско прашање Филипче рече дека ревакцинацијата на нашите граѓани што се вакцинираа во Србија следи по 12 недели од првата доза и тоа ќе биде период кога веќе ќе има доволно количини на вакцини од сите производители.

– Така што на кој било граѓанин ако му е потребна ре вакцина, дури и тие дози кои се наменети за нашите граѓани како втора доза, може да ни ги дадат за да не патуваат луѓето. Значи, сите опции се отворени, додаде Филипче.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ