• Latest

Филипче ги разобличи Мизрахи и ВМРО-ДПМНЕ – објави извештаи за кои го обивнуваат дека не постојат

January 27, 2025

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Филипче ги разобличи Мизрахи и ВМРО-ДПМНЕ – објави извештаи за кои го обивнуваат дека не постојат

January 27, 2025 15:08
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната прес-конференција претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, ги презентираше извештаите кои биле доставени до анкетната комисија за Клиниката за онкологија,  формирана по барање на ВМРО ДПМНЕ и злоупотребена исклучиво за политичка хајка против него, соопштуваат од СДСМ.

Филипче потенцираше дека овие извештаи биле редовно изработувани и  биле дел од документите од министерството со што целосно ги разобличи лагите на Мизрахи и ДПМНЕ кои тврдеа дека не постојат.

„Благодарение на искрените и чесни  луѓе вработени во Министерството за здравство, кои што знаат што се сум направил за пациентите и за сите вработени генерално во здравствениот сектор, до мене ги пратија извештаите за коишто бев клеветен дека ги немало.  Јас  бев убеден дека такви извештаи има и сега сакав тоа да го покажам. Откако беа доставени до мене извештаите, јас ги доставив до Обвинителството“, рече Филипче.

При тоа Филипче ги повика Рашела Мизрахи и тогашниот министер за здравство Фатмир Меџити да одговорат како и зошто овие извештаи биле криени.

„Дали е точно дека на барање на истражните органи, кои водат постапка за овој случај, овие извештаи не им биле доставени. Ги прашувм директно дали намерно се криеле извештаите  за да ме  вовлечат и обвинат во скандалот? Има ли нешто позлобно од тоа да се прикрива вистината во еден грозоморен случај за политички поени и згора на се да се кријат докази од истражните органи. Ова е скандал без преседан“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче и порача дека очекува да биде покрената истрага за тоа како и зошто досега овие извештаи биле криени.

На панел дискусијата организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Моќта на лековите, живот или профит“, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи истакна дека Анкетната комисија го сработила своето поврзано со скандалот Онкологија, на која била образложено прекршување на над 60 членови од различни закони, пренесуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Законот за јавни набавки до Законот за здравствена заштита, Законот за здравствено осигурување и итн. Што главно не доведе до предлог заклучоците, коишто на крајот никогаш не беа изгласани, меѓутоа како предлог заклучоци, беа архивирани во Собранието и така понатаму проследени по барање на обвинителството и до обвинителството, во кое се именува 6 лица на раководни позиции во тој период коишто сметавме дека имаат политичка одговорност, па понатаму обвинителството треба да увиди други типови на одговорност во скандалот Онкологија“, нагласи Мизрахи.

Рашела Мизрахи,
/ фото: принтскрин ВМРО-ДПМНЕ

Пратеничката издвои што нашла Анкетната комисија во своето работење, а тоа е дека никогаш не постоела стручна комисија којашто увидувала кои медикаменти и нивните количини се потребни, туку дека на друго место биле договарани истите. Додаде дека недостасувале 6 месечните известувања на самата Клиника за радиотерапија и онкологија, набавки на реверси преку коишто се довела самата Клиника во долгови до 12 милиони евра, никогаш не биле пропишани протоколи, дека никогаш немало вонреден надзор и други увиди кои ги изнела Анкетната комисија.

„Кога немате анализа, на крајот имате хаос, којшто очигледно дека имало профити, коишто биле позначајни отколку животот и здравјето на граѓаните. До тука можеме да заклучиме дека системот бил во целосно безредие, хаос, којшто довело до колапс и верувавме дека овој колапс не е само на Клиниката за онкологија, туку во целокупниот здравствен систем“, потенцираше Мизрахи.

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ