• Latest

Филипче: Oд утре се затвараат училиштата, градинките и факултетите на две недели

March 10, 2020

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: Oд утре се затвараат училиштата, градинките и факултетите на две недели

Министерот за здравство, Венко Филипче, извести дека се дозволува платено отсуство на еден родител на деца до 10 години во текот на наредните две недели.

March 10, 2020 15:20
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Владата ги прифатила барањата на Комисијата за заразни болести да се заострат мерките против коронавирусот, со што во текот на наредните две недели ќе бидат затворени сите основни, средни и високообразовни институции, како и детските градинки. Вработените во овие установи се ослободуваат од работа, а како што информира министерот за здравство, Венко Филипче, се дозволува платено отсуство на еден родител на деца до 10 години во текот на наредните две недели.

https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/574102263198016/?t=202

– Апелирам да се избегнуваат и собирања на деца по игротеки – потенцира Филипче.

Досега во земјава има 8 случаи на заболени со коронавирус, а едно лице се тестира за вирусот. Во изолација се околу 100 лица.

Владата ги забрани сите масовни собири на отворено и затворено со над 1.000 учесници, а препорача да се откажат и оние со помалку учесници. Сите спортски настани треба да се организираат без публика.

Се воведува задолжителна самоизолација на сите лица што доаѓаат од високо и средноризичните држави во период од 14 дена.

– Се забранува извоз на медицинска опрема и медицински средства и материјали од страна на економските оператори и производители од земјава, освен со посебна дозвола од Министерството за здравство. Се препорачува избегнување на патување во земји со висок и среден ризик. Се препорачува возрасните и повисоко ризичните категории граѓани со хронични болести да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз – рече Филипче.

Вработените во јавните здравствени установи, кои се ангажирани за потребите на изборниот процес, треба да бидат изземени од натамошно учество и да бидат заменети со други лица.
Листата со земји со висок и среден ризик ќе биде поставена на страната на Министерството за здравство и таа ќе биде секојдневно ажурирана.

Филипче истакна дека тие што не ги почитуваат и ги прекршуваат препораките ќе бидат казнети согласно со законот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ