• Latest

Финансиската отчетност на јавните институции е од суштинско значење за демократијата!

March 7, 2017
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Финансиската отчетност на јавните институции е од суштинско значење за демократијата!

March 7, 2017 16:35
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот од шесте квартални извештаи, дел од проектот „Зајакнување на финансиската отчетност и транспарентност во Македонија“ кои се предвидени за оценка на законодавните и регулаторни одредби, поврзани со работата на Државниот завод за ревизија (ДЗР), беше презентиран денеска.
Проектот треба да обезбеди кредибилни информации за граѓан(к)ите во однос на трошењето и работата на јавните институции и нивна транспарентност.
„Може да се чини дека е малку ирелевантно да се зборува за ова прашање, кога самата основа на парламентарната демократија е доведена во прашање, кога претседателот на државата одбива да ѝ дозволи на коалицијата партии што имаат јасно мнозинство во парламентот да формираат влада. Но, јас не се согласувам. Ова не е нерелевантно прашање, ова е далеку од тоа да биде второстепено прашање. Работата што се одвива преку овој проект е од суштинско значење за демократијата“, рече британскиот заменик­амбасадор Пол Едвардс.


Според Марјан Николов од Центарот за економски анализи, за ефект од работата на ДЗР за финансиска отчетност и транспарентност се потребни првенствено политички консензус и законски измени.
„Како општество треба да донесеме консензус и да престанеме да увезуваме кредибилитет од разни институции од странство за нешто што треба да биде основен фундамент на една парламентарна демократија. Само во тој случај, може да бидеме ефикасни како општество и да обезбедиме одржливост. Во спротивно, постојано ќе гледаме кон некој отстрана, не само да ни дијагностицира состојби, туку и да упатува кон нас, а ние да прифаќаме по слободна волја, условно речено, нешто што не би сакале да прифатиме“, рече Николов.
Дамир Незири од Фондацијата за демократија на Канцеларијата на Вестминстер во Македонија, рече дека ДЗР успешно истражува и оценува каде се трошат јавните пари, но оти недостасува следење на препораките што ги дава до институциите.
„Тие треба да бидат под близок парламентарен надзор, односно, во парламентот, сè уште не се отвора дискусија за извештаите на ДЗР“, рече Незири, кој потсети дека оваа забелешка е нотирана и во Извештајот на Европската комисија.
Преку проектот и извештаите, во наредните 18 месеци ќе се мери перцепцијата за транспарентност на медиумите, Собранието, Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување корупција, како и резултатите од работата на ДЗР.

Ќе се оценува дали пратениците и Собранието се свесни за моќта и улогата на работата што ја има ДЗР.
Носители на проектот што е поддржан од Британска амбасада се Фондацијата за демократија на Вестминстер, Центарот за економски анализи и Институтот за комуникациски студии.

Марија Теговска

Tags: Британска амбасадаДржавен завод за ревизијаСобраниефинансиска отчетностФондацијата за демократија на Вестминстер
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ