• Latest
Ивица Челиковиќ

Финското чудо за македонското образование

October 6, 2021
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025

Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Финското чудо за македонското образование

Во Финска речиси воопшто нема домашни задачи, училишните денови се пократки, а нема ниту стандардизирани тестирања. Станува збор за наставен план и програма каде што детето, играта и креативноста се во центарот. Обично се вели дека тоа е рецептот за финското образовно чудо

October 6, 2021 06:31
in ОБРАЗОВАНИЕ, СЛОБОДНА ЗОНА
Ивица Челиковиќ

Ивица Челиковиќ

Share on FacebookShare on Twitter

ИВИЦА ЧЕЛИКОВИЌ

Многумина родители од македонски иселенички семејства во Шведска, поаѓајќи од искуствата од татковината, добиваат впечаток дека нивните деца треба да се вклопат во еден образовен систем кој тие, во основа, го доживуваат како лабав и недоволно строг. Затоа, често се случува од наставниците да бараат нивните деца секојдневно да добиваат пообемни домашни задачи, иако преку училишните дигитални информативни канали можат и самите да следат дека во голем број случаи нивните деца добиваат домашни задачи еднаш неделно, а потоа треба да ги сработат, за што се очекува и помош од родителите, се разбира во рамки на нивните можности, за потоа децата да го предадат сработеното до крајот на неделата.

А што се однесува до обемот на домашните задачи, токму тој детаљ за многумина е особенои фрапантен, бидејќи како е можно да се очекува подобар резултат во учењето доколку од децата се очекува да напишат домашни задачи за кои можеби не е потребно дури ни петнаесетина минути дневно.

Очекувања дека децата треба секојдневно да „бубаат“

Во Финска, чиј образовен систем голем број земји, а сега и Македонија, го земаат како урнек, состојбите се уште поинтересни, од аспект, на пример, на очекувањата дека децата, за да напредуваат во учењето, треба секојдневно да „бубаат“, затрупани со домашни задачи. Во Финска речиси воопшто нема домашни задачи, училишните денови се пократки, а нема ниту стандардизирани тестирања. Всушност, станува збор за наставен план и програма каде што детето, играта и креативноста се во центарот. Обично се вели дека тоа е рецептот за финското образовно чудо, имајќи ги предвид сјајните фински ПИСА-резултати, феномен што и прочуениот режисер Мајкл Мур се обиде, меѓу другото, да го обработи во својот филм „Каде да се изврши следната инвазија?“

Но многумина критичари сепак не се согласуваат целосно со идеите на контроверзниот Мур, дека сјајните резултати од финските училишта би можло да се применат и во САД, бидејќи станува збор за низа културни фактори што не можат директно да бидат „увезени“ во образовен систем на друга земја. Тоа што е специфично за Финска е дека професијата наставник има мошне висок статус, создаден низ повеќедецениско градење на силна образовна култура во таа скандианвска земја, која функционира како мошне хомогено општество.

Еден друг аспект што во овој контекст помалку се дискутира, е фактот дека постои разлика во однос на образовните резултати меѓу скандинавските земји, поврзани и со успешноста да се вклопат во образовниот процес ученици од мигрантски семејства. Во Шведска, каде што 14 отсто од населението е со мигрантско потекло, со голема загриженост во последниве години се констатира дека е во пораст бројот на ученици, посебно во гетоизираните квартови во големите градови, кои не успеваат да го завршат основното училиште со преодни оценки по централните предмети, пред сè по шведски јазик. Во Финска само четири отсто од населението се мигранти, при што разликите во нивото на знаење се релативно мали меѓу различни училишта во земјата.

Уште една мошне важна причина во однос на успешниот развој на финскиот образовен модел е релативно малата изложеност на промени на мошне силната финска образовна култура, без оглед на промените на власта по изборите. Партиско-политичките конфликти во сферата на образовниот систем мошне често негативно се одразуваат со отклонувања и дисконтинуитети токму во однос на она што би можело да се нарече како стабилна образовна култура.

Дебата како да се изучува историјата

Во Финска во последните години често се дебатира околу одлуките на надлежните органи со кои се кратат и намалуваат темите и курсевите во образованието по историја во училиштата. Таквиот „редуцирачки“ однос кон сопствената национална историја некои се обидуваат да го бранат, со тоа што Финците кои сега се дел од европските интеграциски процеси, би требало, пред сè, да ги познаваат главните развојни линии на општата историја. Од друга страна, неретко се изнесуваат и такви аргументи дека концентрирање кон националната историја не е во согласност со духот на времето, означен со зголемен интернационализам и со потребата од пошироко општо образование. Но во дебатата учествуваат и многумина кои тврдат дека изучувањето на сопствената национална историја е неопходно за да „можеме да да ги разбереме сопствената посебност и сопствените корени, и на таков начин да можеме да дејствуваме во еден сè поглобализиран свет“. Се разбира, прифатливо решение, како што обично се сугерира, е избор на модел што ќе се движи по некоја средна линија околу која се обединуваат и измируваат сопствениот национален развој и историските влијанија однадвор.

Познато е дека Финска во меѓународните истражувања зазема високо место во однос на развојот на демократските стандарди и вредности. Но она што посебно се истакнува е фактот дека, гледано низ подолг историски развој, политичката култура во Финска е „помирна“, и е базирана врз законодавството и довербата во него, а врз што најголема моќ и влијание всушност имаат самите граѓани. Она што се смета за нешто што е типично финско, е да се биде рационален како граѓанин, а не да се истрчува веднаш со ставови „за“ или „против“ институциите преку кои се управува со општеството.

Што се однесува до Македонија, се заговара некаков вид аплицирање на финскиот образовен модел во македонската стварност, застрашувачки обременета со поделби, меѓупартиски конфронатции и свесно пласирање манипулативни ставови и предрасуди меѓу граѓаните и избирачите околу сите прашања во општетството. Во такви услови политичката култура во Македонија, во однос на ставовите на граѓаните кон политиката, вклучувајќи ја и онаа што ги диктира промените во образованието, веројатно не ќе може да се одлепи од линијата која постојано се движи на работ на длабока конфликтност.

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ