• Latest

Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

October 6, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

October 6, 2025 14:33
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Локалната изборна кампања влезе во нова фаза на политичка напнатост, во чиј центар се најде реториката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски. Наместо фокус на општините, проектите и развојните програми, Мицкоски избра дискурс за „политичко исчезнување на ДУИ и Али Ахмети“, што според аналитичарите ја префрла кампањата во етничка и поларизирачка насока.

Политичкиот аналитичар Ќенан Алиу, во изјава за Фронтлајн, оценува дека Мицкоски користи крајно поларизирачки и политички неоправдан дискурс.

– Ова е исклучително поларизирачки и политички неоправдан дискурс. Ако го анализираме во тактичка димензија, ова може да се коментира како трик за меѓусебни партиски рејтинзи, но во секој случај, ова можеби може да се надмине во својство на лидер, но не таков дискурс со аверзија во својство на премиер. Задачата на премиерот е да покаже емпатија и позитивна енергија во општеството, а не аверзија и поларизација, изјави Алиу за Фронтлајн.

Во сличен тон реагира и аналитичарот Урим Салиу, кој предупредува дека Мицкоски влегува на опасен терен за политичката рамнотежа во земјата.

– Политичката битка на Христјан Мицкоски требаше да биде насочена кон локалните избори и внатрешните предизвици во македонскиот блок, но тој очигледно се проширува на албанскиот политички терен. Неговата реторика против ДУИ и Али Ахмети, додека отворено покажува симпати кон коалицијата ВЛЕН, буди сомнеж за неговите вистински мотиви, вели Салиу за Фронтлајн

Според него, Мицкоски се обидува да создаде „контролирани албански партии“, кои би му служеле како послушни партнери во власта:

– Доколку еден македонски лидер се обидува да одреди кој треба да ги претставува Албанците, тоа претставува директно мешање во политичката автономија на една заедница. Тоа повеќе не е политичка битка, туку обид за контрола, додава Салиу.

Во истата насока, аналитичарот Дритон Зенку оценува дека Мицкоски не води кампања за општини, туку за политичка и идентитетска доминација.

 – За него, ‘уништувањето на ДУИ’ не е локално прашање, туку национална кауза што го мобилизира македонскиот електорат, ја избегнува одговорноста и го држи ВЛЕН под контрола. Со таков наратив, тој сака да се претстави како ‘ослободител на Македонците од албанското заложништво’ и да воспостави нов политички поредок каде Албанците ќе бидат претставени само од покорни партнери,“ – вели Зенку за Фронтлајн.

Според него, општинската кампања е само сцена, а вистинската битка на Мицкоски е за апсолутна власт, во која Албанците би имале ограничена и контролирана улога.

Изјавите на аналитичарите јасно покажуваат дека локалната кампања на Мицкоски го надминува изборниот контекст и се претвора во проект за редефинирање на етничките и политичките односи во државата. Така поставената реторика, според нив, може да создаде нови поделби и да ја поткопа самата идеја за соживот која повеќе од две децении претставува темел на стабилноста во Северна Македонија.

Инаку,  на партиски митинг во првиот ден од изборната кампања, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го насочи својот говор кон политичкиот опонент од редовите на Албанците.

– По 15 месеци, или да речеме повеќе, година и пол, тој (Али Ахмети) отиде во опозиција, а по овие избори ќе се повлечете од политиката, ви гарантирам, истакна Мицкоски во својот говор.

Дестан Јонузи/ Фронтлајн

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ