• Latest

Фокусот на партиите на изборите мора да биде заштитата на здравјето на граѓаните

June 19, 2020
Фото: Укринформ

Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

May 9, 2025

Кина потроши милијарди долари за развој на воена технологија; Конфликтот меѓу Индија и Пакистан би можел да биде нејзиниот прв голем тест

May 9, 2025
Фото: МИА архива

Службата за безбедност на Украина разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област

May 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан отстапува простор за дипломатија пред да одговори на нападот на Индија

May 9, 2025
ПИНКИ ГО ВИДЕ ТИТО По враќањето од Москва Додик сите говори ги завршува со воскликот „да живее Русија“!

Додик: Путин навистина ја разбира позицијата на нашиот народ, Србија и Кина се пријатели кои градат мостови кон иднината

May 9, 2025

Мицкоски: Среќен 9 Мај – Денот на Европа! Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината!

May 9, 2025
Фото/ Wikipedia commons

Вучиќ на воената парада во Москва и покрај предупредувањата од ЕУ

May 9, 2025
Фото: скриншот МИА

Почнува тридневна национална акција за чистење отпад – „Генералка викенд“

May 9, 2025
Фото: Х

Во Штип синоќа е убиен 25 годишен странски државјанин, убиецот е уапсен и четворица помагачи, сите турски државјани

May 9, 2025
Фото: Скриншот

Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Фокусот на партиите на изборите мора да биде заштитата на здравјето на граѓаните

June 19, 2020 10:25
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претставници на политичките партии и коалиции на претстојните предвремени парламентарни избори вчера во Државната изборна комисија (ДИК) потпишаа Кодекс за фер и демократски избори. Апелите од ДИК и од претставниците на учесниците на изборите се исто така насочени кон почитување на мерките за заштита од Ковид-19.

Изборната кампања за парламентарните избори што ќе се одржат на 15 јули почнува в среда, на 24 јуни и ќе трае до 12 јули на полноќ.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, по вчерашното потпишување на Кодексот за фер и демократски избори истакна дека претстојните избори 2020 година ќе се одвиваат во исклучително сложена ситуција, пред се поради пандемија од Ковид 19. Најави дека во наредните денови ќе бидат изготвени здравствените протоколи врз основа на кои ДИК ќе направи упатства за гласање.

„Предизвик на сите нас кои го организираме процесот, меѓутоа и пред сите кои учествуваат во процесот. Јас се надевам дека сите учесници ќе си земат обврска да ги испочитуваат протоколите за заштита на здравјето на граѓаните, а до граѓаните апелирам да веруваат во институциите дека овој процес ќе се организира на најдобар можен безбеден начин за да можат да го остварат своето право на глас. Впрочем, тие се на ред на наредните избори за да можат да го дадат својот глас и да одлучат понатаму како ќе се одвива состојбата во нашата држава“, истакна Деркоски.

Партиите ветија фер и демократски избори и најавуваат дека ќе се фокусираат на кампања која ќе биде безбедна по здравјето на граѓаните.

Љупчо Николовски од СДСМ истакна дека ги откажуваат митинзите, големите собири и сите потенцијално ризични настани.

„Ќе бидеме со вас преку социјалните мрежи, медиумите, преку дигитални алатки и други канали“, истакна Николовски.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, вчера изјави дека кампањата која ќе ја водат ќе биде поинаква од онаа порано, дека дел ќе биде преку социјалните медиуми, телевизии и други медиуми, а ќе имаат и теренски активности.

„Факт е дека ќе има и теренски активности, во кој обем и во каков вид ќе бидат ќе видиме, но големи митинзи нема да се случуваат, барем не во таков обем. Секако дека ќе пробаме да пристапиме кон секој еден гласач почитувајќи ги мерките за заштита“, истакна Јанушев.

Под услови на пандемија, од ДУИ велат дека ќе мора да ја тераат кампањата, така што ќе се обидат да бидат заштитени во целост сите граѓани во земјава и во текот на кампањата и во текот на изборниот процес во деновите за гласање.

Според Биљал Касами од БЕСА, компромисот постигнат за одржување на изборите е добра волја и покрај тоа што истите ќе се одвиваат во вонредни услови.

„Загрижувачко е зголемувањето на бројот на заразени, но загрижувачки е што државата нема функционална влада и функционални институции. Стабилната политичка влада може да биде во служба на граѓаните, како во поглед на здравството, така и од аспект на економијата“, изјави Касами.

Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 15 јули, среда, и ќе биде неработен ден за сите граѓани. Тој ден избирачките места ќе бидат отворени во 7 часот, и истото ќе биде продолжено 21 часот, два часа подолго од претходните избори кога избирачките места се затвораа во 19 часот.

На 13 јули ќе гласаат лицата кои се во домашен карантин поради позитивен тест на КОВИД-19 и лицата кои се во самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат.

На 14 јули ќе гласаат немоќните и болните лица, како и хронично болните и останатите лица кои согласно Изборниот законик гласаат еден ден пред одржување на изборите.

Партискиот договор за одржување на предвремени парламентарни избори на 15 јули годинава, резултираше со прогласување нова вонредна состојба од страна на претседателот на државата Стево Пендаровски во траење од осум дена.

А. П. 

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ