• Latest

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв

October 24, 2024
Фридрих Мерц, 31 декември 2025 (скриншот од видеото објавено на официјалната веб страница на Канцеларот)

Мерц бара сите членки на ЕУ да учествуваат во финансирањето на Украина

November 10, 2026
Фотографија: Министерство за здравство

КОП31: Климатските промени се закана за здравјето, Северна Македонија се соочува со зголемен ризик од заразни болести

November 10, 2026
Фото: ВИ

Правосудниот испит на албански јазик ја тресе Владата – мириса ли на предвремени избори?

November 10, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Преговори во Абу Даби – Трамп зборува за „конечен крај“ на војната во Украина, Европа бара да биде дел од процесот

November 10, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Од Pac-Man до GTA 6: Најголемата креативна индустрија во светот и фондовите што ја голтаат

November 10, 2026

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв

October 24, 2024 08:49
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен во рамки на нејзината четиридневна турнеја низ шесте земји од Западниот Балкан, денеска ќе престојува во Скопје.

Според најавите, за време на посетата на земјава Фон дер Лајен ќе има средби со претседателката Гордана Сиљановска Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски.

Како што пренесува МИА, во пресрет на посетата на Фин дер Лајен на регионот, Европската комисија вчера ги одобри реформските агенди на Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора, поврзани со Планот за раст на Западниот Балкан, со кои ти се обврзуваат на социо-економски и фундаментални реформи што ќе ги спроведат во периодот од 2024 до 2027 година за да поттикнат раст и поврзување со ЕУ. Одобрувањето на реформските агенди беше клучен чекор за да се овозможат исплати на средства во рамки на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, чија вкупна вредност е шест милијарди евра.

Како што информира вчера заменичката на главниот портпарол на ЕК, Аријана Подеста, токму Планот за раст, како и напредокот на европски пат на земјите од Западниот Балкон ќе бидат главни теми на средбите на Фон дер Лајен со нејзините домаќини за време на турнејата низ регионот.

– Проширувањето е клучен приоритет на Комисијата и тоа го повторувавме изминатите годините, што и го докажавме во текот на првиот мандат, а секако ќе продолжиме да го сметаме како приоритет и во вториот мандат. Тоа е нешто што го најави и самата претседателка (Фон дер Лајен), додаде Подеста.

Фон дер Лајен во Скопје ќе допатува во Тирана, каде претпладнево ќе се сретне со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај. Својата балканска турнеја таа и ја започна од Тирана, каде вчера имаше средба со албанскиот премиер Еди Рама и се обрати на свеченоста по повод стартот на академската година на тиранскиот Колеџ на Европа. По средбата со Рама, Фон дер Лајен најави дека Европската комисија следната недела ќе ги објави извештаите за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во ЕУ.

Фон дер Лајен од Скопје попладнево ќе отапува за босанскиот град Јабланица, каде ќе ги посети подрачјата што неодамна беа погодени од поплави. Утре претпладне таа во Сараево ќе се сретне со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, како и со претседавачката на Советот на министри, Борјана Кришто, по што ќе замине за Белград на средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерот Милош Вучевиќ.

В сабота Фон дер Лајен ќе престојува во Приштина, каде ќе се сретне со косовската претседателка Вјоса Османи и со премиерот Албин Курти, по што ќе отпатува за Подгорица на средби со шефот на црногорската држава Јаков Милатовиќ и со премиерот Милојко Спајиќ.

Овонеделната посета на Фон дер Лајен доаѓа по онаа од пред година кога во регионот го промовираше Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан. Во меѓу време таа во неколку наврати имаше средби со лидерите од земјите од регионот, од кои последните се одржаа минатата недела на Самитот на Берлинскиот процес во Берлин и на Бледскиот стратешки форум на почетокот на септември.

На овие средби Фон дер Лајен го истакнуваше значењето на регионот за Европската Унија и на посветеноста на блокот за поддршка на земјите од Западниот Балкан во спроведувањето на реформите и трасирањето на патот кон членство во Унијата.

Tags: ЕКофицијална посетаУрсула фон дер Лајен
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ