Од плоштадот „Скендербеј“ во Тирана, во рамки на во рамките на Европскиот политички самит, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Европската унија работи на нов пакет санкции против Русија, во обид да го зголеми притисокот врз претседателот Владимир Путин и да наметне прекин на огнот во Украина, пишуваат албанските медиуми.
„Санкциите се наша алатка за притисок врз Кремљ. Путин постојано покажуваше дека нема волја за мир. Тој повика на прекин на огнот на 9 мај, но не го спроведе. Украина побара прекин на борбите со поддршка на САД и ЕУ, но предлозите беа одбиени од Русија. Дури и кога беше предложен состанок во Турција, Зеленски прифати, но Путин не се појави. Ова зборува многу“, рече фон дер Лајен.
Таа објави дека новиот пакет санкции ќе вклучува мерки против гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, намалување на горната цена за руската нафта, како и нови ограничувања за финансискиот сектор.
Д. Т.