• Latest

Фонд од 2,5 милиони евра за македонски проекти за учење преку работа и дуален модел на образование

February 23, 2021

Нов притисок врз семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

Фонд од 2,5 милиони евра за македонски проекти за учење преку работа и дуален модел на образование

February 23, 2021 14:20
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter
Регионалниот фонд за предизвици, на денешната Национална конференција го претстави првиот повик за поддршка на инвестиции во учење преку работа и дуален модел на образование, во износ од 150.000 до 600.000 евра.

„Истражувањата на Министерството за образование и наука и Стопанската комора на Македонија покажуваат дека дури 85 отсто од компаниите се заинтересирани да ги отворат вратите за пракса на учениците од стручните училишта. Фондот за регионални предизвици преку финансиската поддршка ќе воспостави нова динамика и нов поинтензивен начин на соработка меѓу компаниите и стручните училишта. Самото опремување на училиштата ќе значи продлабочување на можностите за создавање квалитетен и вработлив стручен кадар, затоа сметам дека е многу значајно училиштата и компаниите да аплицираат за финансиска поддршка од Фондот“, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска.
Фондот, како што беше истакнато на Конференцијата, има за цел зајакнување на квалитетот и релевантноста на пазарот на трудот на стручното образование и обука, преку финансирање инвестиции во опрема и инфраструктура за избрани проекти за учење преку работа и дуален модел на образовани што се спроведуваат преку партнерства меѓу центри за стручна обука и компании.
„Целта на РФП е преку финансирање инвестиции во опрема и инфраструктура за избрани проекти за учење преку работа и дуален модел на образование да го зајакнеме квалитетот и релевантноста на пазарот на трудот на стручното образование и обука преку промовирање на партнерства помеѓу институтите за стручна обука и компаниите. Првиот повик за аплицирање е веќе активен и ги поканувам сите заинтересирани да се пријават. Информациите за процесот за аплицирање и критериумите за селекција се достапни на веб страната на Фондот но дополнително ќе организираме и инфосесии со заинтересираните училишта и компании со цел да ги водиме низ процесот на апликација“, рече Фридер Верман раководител на тимот на Единицата за управување со фондови во Регионален фонд за предизвици.
Регионалниот фонд за предизвици, како што посочија на Конференцијата,  е уникатен инструмент за финансирање, дизајниран да ја зголеми вработливоста на завршените ученици со СОО, а вооедно да ја засили продуктивноста и конкурентноста на компаниите.
„Многу ја цениме тековната иницијатива на министерката Царовска за унапредување на дијалогот помеѓу институциите за СОО и компаниите, со неколку настани поддржани од швајцарската Амбасада. Како придонес кон овие напори, Германија ја воспоставува оваа нова иницијатива, Регионален фонд за предизвици, која има за цел да ги поддржи училиштата и компаните во областа на стручното образование и обука за да го подобрат стручното образование и да ја подобрат практичната обука со цел да се прилагодат на бараните вештини на трудот пазар и да им се даде на младите ветувачка шанса за подобра иднина“, потенцираше амбасадорката на Германија во Северна Македонија, Анке Холштајн.
Стопанските комори, како што беше наведено на Конференцијата, ќе имаат значајна улога во поттикнувањето на компаниите да формираат конзорциуми со средни училишта, високи стручни училишта и факултети за да аплицираат за средствата на Фондот и заеднички да формираат центри за обука, да опремат лаборатории и работилници, што ќе им овозможи на учениците да се запознаат за време на обуката со машини, опрема, алатки и технологии со кои се работи во реална работна средина и со кои ќе работат подоцна кога ќе се вработат.
„Стопанската комора на Македонија веќе го има нотирано недостатокот на кадар со практично искуство и знаење, поради што сметаме дека РФП со предвидените 2,5 милиони евра финансиска поддршка за проекти за учење преку работа и дуален модел на образование во нашата земја, ќе биде значаен инструмент кој ќе придонесе за обезбедување на стручен кадровски потенцијал со релевантни вештини и спремни за работа во напредни технолошки процеси. Фокусот на практичната обука ќе придонесе за зголемување на можностите за вработување и намалување на стапката на невработеност“, изјави извршната директорка на Стопанска комора на Македонија Билјана Пеева-Ѓуриќ.
Фондот претставува можност за финансирање на проекти со кои ќе се подигне квалитетот на стручното образование и да го усогласи со потребите на пазарите на труд во регионот, а компаниите и давателите на стручна едукација и обука соодветно ќе се подготват за времето што следува по пандемијата.
Повикот за изразување интерес е објавен на https://rcf-wb6.org/и ќе биде отворен до 30 април 2021 година. Апликациите се отворени за конзорциуми од шесте економии од Западен Балкан, составени од еден институт за стручна обука и најмалку две компании
Фондот за регионални предизвици е нова програма која се стреми да ја зголеми продуктивноста и конкурентноста на бизнисите во Западен Балкан 6. РЦФ е поддржан од германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) преку КФВ Германската банка за развој и е спроведен од страна на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан 6 (WB6-CIF), заедничка иницијатива на стопанските комори од регионот.
Регионалниот фонд за предизвици (РФП) е овластен од страна на Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ) и делегиран на Развојната банка KfW, а се извршува преку Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, (ЗБ6-КИФ). Поддршката што Фондот ја дава на Западен Балкан е начин да се помогне во закрепнувањето, растот и подобрување на конкурентноста на економиите од Западен Балкан 6./МИА/
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ