Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Јавно обвинителство две лица кои ја формирале Фондацијата „Допир“, формирале веб страница https://bidihumansega.mk/ и преку нив собрале 3.531.199 денари. Овие средства осомничените ги користеле за сопствена корист, а ги собирале како донации за помош на деца со посебни потреби и ретки болести.
Во рамки на спроведената истрага, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика извршил низа проверки, меѓу другото и околу тоа дали лицата, односно корисниците на веб страницата за кои се собираат донации, евидираат во системот на Министерството за внатрешни работи и притоа констатирано е дека поголемиот дел од корисниците не постојат, односно креирани се измислени, лажни, фиктивни профили преку кои веб страницата собирала донации и парични средства.
„По направената анализа на банкарските сметки констатирано е дека од собраните парични средства, пријавените вршеле повлекување на парични средства за сопствени потреби. На 27-ми овој месец, а по претходно обезбедена судска Наредба за претрес, издадена од Основен суд Скопје I Скопје, извршен е претрес на деловни простории во стан во Скопје, при што беа пронајдени голем број на докази кои укажуваат дека лицата М.Ш. и А.Ш. свесно вршеле внесување на невистинити податоци и фотографии од деца кои биле предмет за собирање на парични средства по основ на донации и со тоа довеле во заблуда голем број на граѓани и правни лица кои донирале парични средства. Со Наредба од Судија за претходна постапка од Основен Суд Скопје I – Скопје, паричните средства од фондацијата се замрзнати“, велат од МВР.












