• Latest

Формирана парламентарна група за правата на лицата со хендикеп

February 2, 2021
Фото: Скриншот од видео на МИА

За Мицкоски не биле алармантни параметрите на штетните честички по здравјето на граѓаните, тоа било само визуелно

September 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

(ВИДЕО) Фон дер Лајен: Ова мора да биде Моментот на независноста на Европа

September 10, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: Полска собори руски дронови; EXIT демантира дека се преселува во Скопје; Макрон го назначи Лекорну за премиер

September 10, 2025
Првиот Ром кандидат за градоначалник на Град Скопје, адвокатот Срџан Амет / фото: А. Мехмети, ЦИВИЛ

Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/Фејсбук

ЦИВИЛ прашува – Лукоил, МНР и Економија молчат

September 10, 2025
Фото: А. Петровска / ЦИВИЛ

Љубчо Георгиевски: Патриоти сме кога Албанците или Бугарите треба да стават споменик, а за спомен плоча на докажан асимилатор – српски четник – нема проблем

September 10, 2025

Првиот полицаец по стапките на првиот човек на правдата

September 10, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Институционалната криза во Косово продолжува; Сомнежи за масовна гробница во депонија кај Нови Пазар; Нетранспарентните договори на консултантските услуги во Албанија се нелегални

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Германија и Франција бараат санкции за Лукоил – што со подружниците во регионот

September 10, 2025
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ за УКРИНФОРМ)

Кога вистината станува релативна, пропагандата победува

September 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Формирана парламентарна група за правата на лицата со хендикеп

February 2, 2021 14:04
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Почитување и унапредување на правата на лицата со хендикеп и отстранување на сите бариери со цел да се овозможи нивно вклучување во општествениот и политичкиот живот, подигнување на јавната свест за ова прашање, иницирање законски решенија кои тоа ќе го овозможат, се дел од прашањата на кои ќе работи Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) што беше формирана денеска во рамки на овој пратенички состав на Собранието.

Претседателот на Собранието Талат Џафери обраќајќи се на состанокот за формирање на оваа ИППГ,  истакна дека сите законски решенија кои ќе се носат треба да им го олеснуваат животот на овие лица, да овозможат еднаков третман, пристап и можности за секој граѓанин, без оглед на неговата етничка, верска, полова, социјална и културолошка припадност, а секако, во ниту еден случај во зависност од неговата физичка можност или неможност.

– Верувам дека најтешко надминливите бариери се токму тие што ги подигаме во нашата свест, со нашиот начин на размислување и начин на делување. Наша законска, морална и етичка должност е да работиме во насока на симнување на тие бариери, да се посветиме на унапредувањето и заштитата на човековите права и оневозможување на дискриминација по каков било основ и тоа треба да ни биде водилка при секој преземен чекор за менување, дополнување, прилагодување на важечките закони во нашата земја, рече Џафери.

Животот е предизвик, истакна претседателот на Собранието, и секој може во еден миг да биде пред сосема неочекувана бариера.

-Затоа да не дозволуваме ние луѓето да бидеме тие што ќе подигнеме нови бариери, туку да се насочиме кон овозможување достопност и инклузивност на секој поеднинец затоа што сите сме уникатни и особени по нешто, кажа Џафери.

Амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј смета дека и покрај тоа што досега е направено, потребно е и натаму да се работи на унапредувањето на правата на лицата со хендикеп во сите сфери на општественото живеење, како и овозможување услови за нивно учество во политичкиот живот.

Пратениците, рече, мора да придонесат за подобри услови за лицата со хедикеп, дали преку надзорни расправи или закои кои ќе се донесуваат за да ја подобрат нивната состојба во оваа земја.

– ИППГ,Собранието и политичките партии мора да бидат што попристапни, да има превод на знаковен јазик, достапни интернет страници, клучните документи да бидат достапни и во аудио форма, како и избор на соодветни сали за состаноци, рече Галовеј додавајќи и дека Изборниот законик мора да биде сепфатен, избирачките места да бидат достапни за граѓаните и секоја институција треба да биде достапна за секој граѓанин.

Според Елена Кочоска од Движењето против хендикеп „Полио Плус“, пристапност не значи само пристапност до објекти и институции, туку и пристапност до информации. Потребно е, нагласи таа, да се работи на подигнувањето на јавната свест, но и да се работи за почитување и унапредување на правата на овие лица.

На лицата со хендикеп, потенцира, не им е потребна само емпатија, туку конкретни активности и иницирање законски измени со кои ќе се подобрат нивните права и ќе им се озвоможи вклучување во општествениот и политичкиот живот.

Јован Митрески, пратеник од СДСМ, кој е избран за претседавач на ИППГ, истакна дека оваа форма на парламентарно делување, иако е неформална, досега покажала успешни резултати во напорите и настојувањата да се обезбеди општество еднакво за сите.

Во парламентарното јадро на оваа група, рече, се вклучени пратеници од сите политички партии. Таа, нагласи Митрески, ќе го запазува мотото на лицата со хендикеп „ништо за нас без нас“, ќе ги поставува и отвора и натаму заборавените прашања и обврски.

На денешниот состанок освен претседавачот Митрески, без избрни и заменици претседавачи – Никола Мицески и Ели Панова пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Халил Снопче пратеник од Алијанса за Албанците и Мерита Колчи Коџаџику пратеничка од ДУИ./МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ