На првата Црвенковски е фотографиран како на иста маса седи со актуелниот градоначалник Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, Саше Доневски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, како и Јован Мирчевски – сопственикот на „Пупе Компани“.
На втората, Црвенковски е во друштво на Марина Горговска, носителка на советничката листа на ЗНАМ во Охрид.
Фотографиите објавени во ек на изборната кампања за Локалните избори 2025 година, ја разбрануваа политилката јавност во Северна Македонија и предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи и медиумите кои ги толкуваат на различни начини, но најчесто одат во насока дека тие се потврда дека Црвенковски стои зад ЗНАМ и е во директна спрега со ВМРО-ДПМНЕ.
До сега нема реакција од ниту од Црвенковски, ниту од останатите кои се наоѓаат на споменатите фотографии.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, запрашан за коментар за фотографиите, кратко одговори:
Јас можам само да го цитирам поранешниот претседател со неговата позната изјава – или си СДСМ, или не си.
Д. Мишев