• Latest

Фотографии од Северна Кореја кои Ким Јонг Ун не би сакал да ги видите

June 3, 2020

„Марш за ангелите“ денеска во Кочани во 18:05 часот -„Пожарот не беше несреќен случај, туку масовно убиство“ велат семејствата на жртвите

June 14, 2025

„Техеран ќе гори“: Израелскиот министер за одбрана го предупредува Иран за ракетните напади

June 14, 2025
Ракетен ирански напад на Тел Авив. Фото: Скриншот

Иран ги предупреди САД, Велика Британија и Франција да не помагаат во спречувањето на иранските напади врз Израел

June 14, 2025

Папата Лео апелира за разумност и дијалог по воздушните напади меѓу Израел и Иран

June 14, 2025

Хил: САД повеќе нема да интервенираат како досега, Косово и Србија треба сами да ги решат своите проблеми

June 14, 2025

Украина репатрира уште тела од паднати војници во голема размена со Русија

June 14, 2025
Фото: ВИ

Славески брои пари, народот брои работи – животот не му се брои!

June 14, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел и Иран разменуваат смртоносни ракетни напади со експлозии што се слушаат во Ерусалим, Тел Авив и Техеран

June 14, 2025

КОРИДОРИ, НЕСПОСОБНОСТ И КОРУПЦИЈА: Во тунелот, среде мракот

June 14, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

СБ на ОН: САД ја поддржуваат израелската самоодбрана, Иран да не ги напаѓа американските сили

June 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Фотографии од Северна Кореја кои Ким Јонг Ун не би сакал да ги видите

June 3, 2020 12:24
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Водачот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, будно внимава на медиумите во својата земја, контролирајќи голем дел од она што граѓаните го знаат за надворешниот свет и обратно, контролирајќи го она што во светот се знае за Северна Кореја, пишува Бизнис Инсајдер.

Иако Ким се бореше земјата да ја претстави како бастион на воена моќ, нуклеарна моќ и антизападен сентимент, секојдневната реалност во земјата е прилично мрачна.

Голем дел од земјата живее во сиромаштија, десетици илјади луѓе се држат како политички затвореници, а владата цврсто ги контролира повеќето аспекти на животот. Еве како изгледа Северна Кореја низ објективот на неколку светски фоторепортери од повеќе светски агенции.

Секојдневниот живот во Северна Кореја може да биде навистина мрачен. Воведените санкции за казнување на земјата поради нејзините тестирања на нуклеарно оружје буквално ја осакатија економијата. / извор: Business Insider

Девојче си игра на безбедносната рампа на паркингот пред стоковната куќа во Пјонгјанг. Wong Maye-E (Associated Press)

Со појавата на корона вирусот, животот во земјата стана уште помрачен. Неодамнешните фотографии направени во земјата покажуваат дека жителите носат маски, шетаат низ значително попразните улици од вообичаено. / извор: Foreign Policy

Луѓе со маски преминуваат на пешачкиот премин пред хотелот „Ригујонг“ во Пјонгјанг, Северна Кореја во вторник, 28 април 2020 година. Associated Press/Cha Song Ho

Земјата првично излезе со информација дека нема случаи на корона вирус – сценарио кое е навистина неверојатно. Но, Северна Кореја сепак презеде превентивни мерки, како спроведување карантини, затворање на туризмот и границата со Кина. / извор: Brookings Institution

Портата Потонг во Пјонгјанг, Северна Кореја, 28 април 2020 година.Associated Press/Jon Chol Jin

Ермитското Кралство, едно од најзатворените места во светот, во последните години доживеа повеќе сериозни недостатоци на храна. / извор: Business Insider

Damir Sagolj/Reuters

Детството во Северна Кореја може да биде тешко. Многу деца во руралните области се приморани да работат на фарми, а присилната работа има голем удел во економскиот резултат на земјата. / извори: Business Insider, Human Rights Watch

Момче работи на поле со пченка, оштетено од поплави и тајфуни, во колективната фарма „Сокса-Ри“ во јужната провинција Хвангае во Северна Кореја, септември 2011 година. Damir Sagolj/Reuters

Неисхранетоста влијае на шокантно голем број на деца од Северна Кореја. Околу 28% од децата под 5 години имаат застој во растот. / извор: New York Times

Човек од Јужна Кореја држи фотографии од, како што вели, гладните деца од Северна Кореја, декември 2009 година. REUTERS/Choi Bu-Seok REUTERS/Choi Bu-Seok

Сиромаштијата и гладот ​​се најприсутни во селата на Северна Кореја. Се смета дека околу 41% од населението, или 10,5 милиони се неисхранети. / извори: Business Insider, New York Times

Жена од Северна Кореја се одмара покрај реката Потонг во јули. Wong Maye-E (Associated Press)

Ксиаолу Чу, фотограф на Гети, кој патувал со воз низ Северна Кореја во 2015 година, изјавил дека забележал голем број луѓе од руралните села кои молат за пари. 

Момче моли за храна на платформата на железничката станица Хамхун во Хамхунг, Северна Кореја, во август 2015 година. Xiaolu Chu/Getty

„Речиси и да нема дебели луѓе во Северна Кореја“, изјавил Чу за „Бизнис инсајдер“. „Сите изгледаат многу тенки“. 

Луѓето се ладат пред вратата на возот во Северна Кореја во август 2015 година. Xiaolu Chu/Getty

Но, дури и Севернокорејците во градовите се соочуваат со лоши услови за живот. Многумина живеат во густо населени висококатници и честопати доживуваат недостаток на електрична енергија и дефекти со лифтовите. / извор:  Business Insider

Станбен блок во Пјонгјанг. Wong Maye-E (Associated Press)

И нема многу пристап до Интернет – луѓето работат со затворен компјутерски мрежен систем достапен само на неколку места, како оваа библиотека во Пјонгјанг. / извор:  BBC

Библиотеката во куќата на науката во Пјонгјанг. Wong Maye-E (Associated Press)

Но, постојат некои знаци дека дури и покрај големите економски санкции кон Северна Кореја, нејзината економија почнува да се стабилизира. Голем број на севернокорејски дезертери и неодамнешни посетители за Волстрит журнал изјавиле дека фабриките во земјата го зголемуваат своето производство и условите за живот во одредени области се подобри отколку што биле. / извор: The Wall Street Journal

Вработена стои во спалната соба во дом предвиден за текстилни работници во фабриката, во која на ѕидовите висат портретите на починатите севернокорејски лидери Ким Ил Сунг и Ким Јонг Ил. Пјонгјанг, Северна Кореја, среда, 30 јануари 2019 година. Associated Press/Dita Alangkara

Во обид да докаже дека Ким го подобрува животниот стандард на граѓаните во Северна Кореја, Владата дури го обновила системот за јавен превоз во 2019 година со вклучување на нови електрични трамваи низ Пјонгјанг. / извор:  Associated Press

Жени од Северна Кореја се возат во метрото во Пјонгјанг, Северна Кореја, сабота, 23.11.2019 година. Associated Press/Dita Alangkara

Голем дел од населението во Северна Кореја мора да се потпира на јавниот превоз, бидејќи се премногу сиромашни за да си дозволат свои автомобили или да плаќаат такси. Но, дури и новото метро и трамваите изгледаат старомодно и истрошено. / извор: Associated Press

Луѓето чекаат трамваи на постојката во центарот на градот Пјонгјанг, Северна Кореја, недела, 24 ноември 2019 година. Associated Press/Dita Alangkara

Економијата на земјата во голема мера е поттикната од рударската индустрија. Особено трговијата со јаглен, за која се верува, дека, барем делумно, се потпира на нелегални пратки во Кина, според доверливиот извештај на Обединетите нации. / извор: Bloomberg

Работник реди блокови од јаглен на земја, во фабрика за третман на отпад во округот Потонгганг, кој произведува блокови од јаглен во Пјонгјанг, Северна Кореја, вторник, 21 април 2020 година. Associated Press/Cha Song Ho

Во 2019 година, Соединетите Американски Држави го пресретнаа еден од најголемите превозници на големо во Северна Кореја, за кој обвинителите тврдат дека врши „нелегална испорака на јаглен“, со прекршување на меѓународните санкции. / извор: Department of Justice

Оваа сателитска слика, обезбедена од Министерството за правда, покажува товарен брод на Северна Кореја прикован на непознато пристаниште. Department of Justice via Associated Press

Фотографиите од старите руднички градови во Северна Кореја покажуваат колку економијата на земјата се распадна во последните децении. Рударските градови за јаглен Килју и Кимчек биле изградени околку некогаш енергичниот комплекс за железо, но известувачот на Асошијетед Прес, која ја посетил земјата во 2014 година, изјавил дека областа станала „’рѓосан појас, груб и немилосрдно сив“. / извор: Associated Press

Војник од Северна Кореја удира коза на бреговите на реката Јалу во јули 2009 година. REUTERS -Бидејќи еден севернокорејски дезертер во 2017 година се обидел да избега, други војници во него пукале пет пати. Хирурзите во Јужна Кореја кои го лекувале откриле дека војникот бил преполн со паразити. / извор: Business Insider

USFK
Паразитските црви, од кои некои долги 28 сантиметри, ги илустрираат лошите услови во Северна Кореја. Земјата сè уште користи човечки измет за да ги оплоди своите култури, практика што може да шири паразити. / извори: The New York Times, Business Insider
Хирургот на дезертерот ги презентира своите наоди. CNN

Дезертерите во Северна Кореја не се невообичаени, иако бројот на луѓе што го сториле тоа се намали за 21% во 2017 година. /извор:  Quartz

Еден војник од Северна Кореја внимава пред стражарското место веднаш до местото каде што еден војник дезертирал. Reuters/Kim Jong-Hi

Јужна Кореја има удел во падот на бројот на дезертерите, делумно поради построгата гранична безбедност. Војниците од Северна Кореја се немилосрдни кога гледаат како луѓето бегаат. Ова се дупки од куршуми испукани кога дезертерите се обиделе да избегаат во 2017 година. 

Дупките со куршуми се гледаат близу до местото каде што Северна Кореја има нелегален премин на границата кај селото Панмумјом во демилитаризираната зона, Јужна Кореја, 27 ноември 2017 година. Reuters/Kim Hong-Ji

Друг вознемирувачки аспект на животот во Северна Кореја се озогласените затворски кампови во земјата, каде граѓаните за кои е утврдено дека извршиле прекршоци кои во други земји воопшто и не се сметаат за кривични дела, се соочуваат со застрашувачки услови. / извор: Washington Post

Затворскиот камп Јонгори во Северна Кореја. Google Earth

Затворениците во овие таканаречени кампови за превоспитување честопати гладуваат и се принудени да вршат тешка физичка работа. Некои преживеани поранешни затвореници пријавиле остри испрашувања и физичка тортура. За овие кампови кои се видливи на Google Earth не постојат фотографии. / извор: Washington Post

Кампот за „превоспитување“ во Каекон, Северна Кореја. Google Earth

Режимот, исто така, одржува силна контрола врз информациите што јавноста може да ги консумира. На пример, севернокорејката пропаганда во февруари 2019 година соопшти дека Ким е предводник за Нобеловата награда за мир, пред неговиот самит со претседателот Доналд Трамп, во Ханој, Виетнам. / извор: Radio Free Asia

Луѓето во Пјонгјанг читаат извештај на официјалниот весник на владејачката Работничка партија на Северна Кореја на 27 февруари 2019 година, за доаѓањето на лидерот на земјата Ким Јонг Ун во Виетнам, за неговиот втор самит со американскиот претседател Доналд Трамп. Kyodo News via Getty Images

И покрај тврдењата на севернокорејската пропаганда, самитот се сметаше за неуспешен откако разговорите пропаднаа, а самитот заврши порано од очекуваното, без значителен напредок во врска со нуклеарното разоружување. / извор: Business Insider

Мажите се собираат околу објавите на јавните весници за да прочитаат за посетата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во Виетнам на вториот самит со американскиот претседател Доналд Трамп, среда, 27 февруари 2019 година, во Пјонгјанг, Северна Кореја. Associated Press

Меѓународната заедница веќе долго време го осудува рекордот во кршењето на човекови права во Северна Кореја. САД истакнаа жртви на особено несериозна бруталност, како Jи Сеонг-хо, кој присуствуваше на обраќањето на Трамп на во јануари 2018 година. / извор: Business Insider

Ји ги држи своите патерици за време на говорот на Трамп. Associated Press/Pablo Martinez Monsivais

Ји ја напуштил татковината во 2006 година. Тој изјавил дека преминал илјадници милји на патерици откако издржал години на глад, тешки повреди од паѓање на железничките патеки и тортура во рацете на севернокорејската полиција. / извор: The New York Times

Ји дава интервју во брифинг салата во Белата куќа во јануари. Reuters/Leah Millis

„Јас разбирам дека сè уште ги чувате тие патерици како потсетник за тоа колку сте поминале“, рече Трамп за време на неговиот говор, додавајќи: „Приказната на Сеонг-хо е сведоштво за копнежот на секоја човечка душа да живее во слобода“. / извор: White House

Патериците на Jи, кои ги користел за време на неговото дезертирање. Reuters/Kim Hong-Ji

Денеска, слободата е се уште далеку од реалноста за многумина во Северна Кореја.

Ученичка шета додека учениците и волонтерите работат на санирање на системот за водоснабдување во Хаеју, Северна Кореја, кој беше погоден од поплави и тајфуни во октомври 2011 година. REUTERS/Damir Sagolj

 

Print Friendly, PDF & Email
Share175Tweet109Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    453 shares
    Share 181 Tweet 113
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    207 shares
    Share 83 Tweet 52
  • УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш, да фрлаш клетви и анатеми, да колнеш, но, ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Предлогот од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание

    96 shares
    Share 38 Tweet 24

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ