Во вторникот, француското Министерство за финансии објави детална листа на руски имот во вредност од 23,7 милијарди евра – или 25,6 милијарди американски долари – што ги замрзна откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, пренесува Си-Ен-Ен.
Средствата кои припаѓаат на руската централна банка, за кои Министерството вели дека се во вредност од 22,8 милијарди евра, го сочинуваат најголемиот дел од замрзнатите средства.
Списокот на средства вклучува и 33 недвижности со комбинирана вредност на стекнување од 573,6 милиони евра, вклучувајќи голем број адреси во Антиб, Сен-Жан-Кап-Фера и Сен Тропе на француската ривиера и 178 милијарди евра во Наведени се и замрзнати банкарски средства, заедно со три јахти вредни повеќе од 125 милијарди евра, шест хеликоптери во вредност од над 60 милиони евра и три уметнички дела вредни 7 милиони евра.
подготвил Д. Мишев