• Latest
Проф. Мирјана Најчевска

Френсис Бекон во нашето маало

May 15, 2021

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Френсис Бекон во нашето маало

May 15, 2021 09:08
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. Мирјана Најчевска

Проф. Мирјана Најчевска

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

„Во  општество владее или законот или насилството. Но насилството понекогаш добива облик на закон, а некои закони повеќе зборуваат за насилството отколку за правото и еднаквоста.“

Френсис Бекон

Претседателот на државата Стево Пендаровски не го потпиша Указот за прогласување на Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти изгласан од Собранието на Република Северна Македонија во мај 2021 година.

Со право.

И со многу издржано образложение.

Затоа овде нема да зборувам за прекршувањето на Уставот и правото, за правната несигурност, за рушењето на правниот систем, и за дискриминацијата.

Нема да зборувам за пратениците и за Владата кои најдоа заеднички јазик во заштитата на криминалот.

Нема да зборувам ни за одговорноста (кривична и политичка и морална) на министрите кои мижеле пред кршењето на законите, на градоначалниците во чии општини се граделе дивоградби, и на инспекторите кои не си ја вршеле работата.

На крај памет не ми е да зборувам за изјавите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицковски.

Меѓутоа, сакам да кажам неколку зборови за уништувањето на поимот на одговорност, за заштитата на корупцијата и промоцијата на криминалот од страна на институцијата наводно формирана да се бори со корупцијата и да го промовира правото.

Изненаден од постапката на Претседателот на државата и неговата одлука да одбие да го потпише Указот за прогласување на Законот, заменикот на Претседателот на Владата, задолжен за борба против корупцијата и криминал, ни соопшти:

  • Дека станува збор за генерациски проблем останат од претходната власт
  • Дека Законот е донесен со цел да не бидат оставени без кров над глава 50 илјади граѓани, семејства
  • Дека неговата партија никогаш нема да биде за уривање на овие објекти и ќе одлучува во интерес на ранливите категории, и
  • Дека сето ова ќе биде направено низ соодветна постапка и легални механизми со вклученост на сите.

Како ја читам јас оваа изјава?

Прво, навистина е безобразно да се нарече генерациски проблем нешто кое на идентичен начин веќе било решено од страна на претходната власт (имено последниот закон со кој се предвидуваше легализација на дивоградбите имаше важење до 31.12.2018 година).

Второ, изјавата дека без кров над глава ќе останат 50 илјади граѓани не се базира ниту на релевантни истражувања или објективни податоци, ниту пак соодветствува на реалноста. Имено, овој закон не се поврзува со обезбедувањето кров над глава за социјално загрозени категории (ваков член нема во Законот). Законот се однесува на бесправно изградени комерцијални објекти, згради, државни објекти, хациенди, базени, тераси, … Станува збор и за дивоградби кои директно го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните  (ресторани изградени на изворите од кои се снабдуваме со вода за пиење, хотели и станбени објекти во заштитени подрачја, објекти кои не ги исполнуваат елементарните правила на градењето, …).

Трето, со ова се негираа неколку постоечки законски решенија со кои се предвидува токму уривање на ваков вид објекти, со што Заменикот на Претседателот на Владата за борба против корупцијата, отворено изјавува дека неговата партија нема намера да ги почитува и спроведува законите.

Четврто, не е точно дека ова е направено низ соодветна постапка со вклученост на сите. Имено, законот е донесен во скратена постапка, што значи дека не се вклучени граѓаните, немало јавна расправа, немало ни расправа во Собранието и немало начин да се изврши било какво влијание. Во процесот не се вклучени дури ни институциите кои мора да бидат консултирани, како што е ДКСК.

Како што рекол Франсис Бекон, насилството некогаш добива облик на закон.

Во случајов, се работи за насилство од големи размери, насилство кое не само што го руши системот на владеење на правото, туку кое има и ќе има директни и исклучително штетни последици врз животот на граѓаните.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторката.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ