• Latest

Фудбал или политика

August 15, 2020

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Фудбал или политика

или, и боговите лично пред глупоста остануваат неми

August 15, 2020 10:40
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Објавено во УТРИНСКИ, 12 декември 2000

За  фудбалот велат дека е најважната споредна работа во животот на многу луѓе. За политиката велат дека е најважна главна работа која ги диригира и управува животите на уште повеќе луѓе.

На прашањето што сакаш да станеш кога ќе пораснеш, децата најчесто одговараат – спортист, а многу често, баш фудбалер. Не се сеќавам некое дете до сега на ова прашање да одговориле дека сака да стане политичар.

Ова веројатно може во најголема мера да се припише на недостатокот информации со кои располагаат децата, идеализирањето на одредени професии и отсуство на сознанија за тешкотиите кои стојат на патот на професионализмот. Разликите се откриваат постепено, меѓутоа, сознанието за вистинската желба, потреба, талент и можност доаѓаат ненадејно и силно. Тие го обземаат човека независно од возраста и годишното време и не го оставаат на мира некогаш и до крајот на животот. А разликата меѓу двете професии е навистина голема.

За да се успее во едната професија, покрај големиот талент е потребно исполнување повеќе услови со цел поефикасно извршување на работните задачи и постигнување на што е можно подобри резултати. Прв услов е стекнување на одреден минимум образование којшто ќе гарантира способност за разбирање на потребите и предизвиците на професијата, консултирање одредени извори и следење на најновите достигнувања во областа.

Следен чекор во професионалното изградување претставува стекнувањето конкретни вештини за вршење на професијата. Ова се постигнува со практична примена и операционализација на стекнати знаења (прво на ниво на стимулации или пилот-проекти и вежби, потоа преку учество во поедноставни проекти под супервизија и насочување од страна на поискусните, за постепено да се прејде на ситуации од вистинскиот живот). На овој начин се подготвува идниот професионалец за да може сооветно да одговори на барањата на професијата и со полна одговорност да ги изврши поставените задачи. Ова е и период на созревање на креативноста како неопходен составен дел на професијата.

Кога ќе бидат завршени долгогодишните подготовки доаѓа периодот на евалуација (оценување) во кој низ одредени однапред поставени критериуми и мерила, врз основа на постигнатите резултати, се избираат оние кои можат да бидат поставени на најодговорни и највисоки функции во професијата. Изборот се врши од страна на професионалец или професионалци кои во свои раце го имаат составувањето на најдобриот и најефикасниот работен тим. Базични критериуми во изборот се: професионалност и компетентност за работните задачи кои претстојат, кооперативност, свест за своето место во системот на дејствување во рамките на дадениот мандат.

Одговорноста на лицето или на тимот избирачи е исклучително голема, а неуспехот се казнува со губење на функцијата (на одредено време или засекогаш).

Пред навистина да почне да работи така избраниот тим, треба да постигне висока внатрешна координација и усогласување на различниот работи кои треба да резултираат во достигнување на заедничката цел. Ова подразбира натамошна поединечна и заедничка едукација и  практикување на стекнатите знаења и вештини.

По сите овие подготовки, значи како на индивидуално така и на тимско ниво, доаѓа процесот на дејствување, процесот на употреба на наученото и процесот на извршување на работните задачи. Во овој процесс доаѓаат до израз и талентот и креативноста и знаењето и стекнатите вештини. Во овој процес се донесуваат значајни решенија во многу тешки и невообичаени услови, се врши крајното усогласување со другите соработници во од, се согледуваат слабостите на противникот и се користат шансите што се појавуваат.

Работата е јавна и транспарентна. Грешките и неуспесите веднаш се воочуваат и многу брзо се казнуваат. Јавното мнение игра многу голема улога во натамошното напредување или назадување на секој од работниците. Казната е вообичаено враќање на степен или два пониско, а доколку неефикасноста продолжи и на пониското ниво – обично следува целосна професионална смрт. Толку за фудбалот и фудбалерите.

За да се успее во другата професија не се бара посебен талент и условите потребни за успех се многу пофлексибилни и потолерантни. Како прво, не е утврден минимум образование неопходен за извршување на работните задачи. Во оваа професија може да се успее и без разбирање на потребите и предизвиците на професијата (всушност, што помалку разбирање – толку подобро), и не е потребно консултирање и следење на достигнувањата во областа (тоа понекогаш се смета и за голема мана).

Стекнувањето вештини и постепеното навлегување во практиката е оценето како непотребно – сѐ почесто оваа професија на вработените им претставува прво вработување и прв контакт со практични задачи (да се разбереме: не го негираме концептот на вундер-кинд, но такви се еден во милион, а не обратно). Во изборот на работниот тим нема никакви критериуми (сѐ е прашање на слободно убедување на тој што избира, а тој и самиот е обично се само не искусен професионалец), не е важна компетентноста (сѐ може да се научи во текот на работата, па ако се згреши стотина пати, не е страшно – луѓе сме), кооперативноста сама на по себе се подразбира, а свеста за сопственото место и дадениот мандат се сметаат за работи кои само ги оптоваруваат луѓето и ги ограничуваат во нивната креативност. На лицето кое избира му е многу лесно да го изврши изборот, затоа што не трпи никакви последици од овој свој избор и од евентуалните направени грешки.

Во оваа професија никој со никого не комуницира, а работните тимови не постојат дури ни на хартија.

Процесот на дејствување на ваква составениот работен тим на случајно избрани лица вообичаено се нарекува хаос, а резултатите, соодветствуваат на  нивната професионална неподготвеност.

Затоа, пак, работата е скришна и нетранспарентна. Се гради цел систем од  лавиринти и маскирни конструкции за да не може да се види кој е виновникот и за да не може да биде санкционирана грешката и неуспехот. Јавноста може да се слика, а тие што ќе згрешат напредуваат минимум за едно скалило понапред. Тие што многу ќе згрешат стануваат министри или амбасадори.

Веројатно поради оваа голема разлика меѓу двете професии, многу мал број од децата кога ќе пораснат и понатаму сакаат да станат, а уште помал број стануваат, професионални фудбалери, а голем дел од нив сакаат да станат и многу голем дел од нив стануваат политичари. За управувањето со животите на луѓето не е потребна квалификација и нема одговорност.

Ако ме прашате мене – јас сум за професионализам. Сакам да станам фудбалер.

Share40Tweet25Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ