• Latest

ФЗОРСМ: Одлуката за Леонид Индов не е конечна, може да се оспори

February 21, 2024

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

ФЗОРСМ: Одлуката за Леонид Индов не е конечна, може да се оспори

February 21, 2024 17:44
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По реакции во јавноста во врска со лекувањето на младиот Леонид Индов, Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, попладнево излезе со соопштение, каде се потенцира дека одлуката на ФЗОРСМ со што се одбива барањето за упатување во странство, сѐ уште не е конечна.

– ФЗОРСМ од првиот момент со внимание го следи случајот на Л.И. од неговата хоспитализација во Република Грција, од каде е донесен на ЈЗУ КАРИЛ, па сѐ до поднесување на барањето за упатување на лекување во странство, пишува во соопштението.

Во овој момент, се појаснува, во Фондот се водат две одделни постапки.

– Првата е отпочната уште во септември 2023 година и за неа има отворен предмет што сѐ уште е во тек, заради некомплетно доставенa медицинска документација, за која е испратено официјално барање до подносителите, меѓутоа неопходната документација за одлучување сѐ уште не е доставена.  Од септември 2023 година, пациентот е префлен на ЈЗУ КАРИЛ, од каде на сопствена иницијатива на семејството, е однесен со медицинско возило во приватна болница, со која ФЗОРСМ нема склучено договор за типот на здравствени услуги што се пружени, а каде престојувал сѐ до моментот кога на 6.2.2024 година, со хеликоптер бил транспортиран во здравствена установа во Австрија, велат од Фондот.

Се додава оти ФЗОРСМ ниту бил известен, ниту пак учествувал во организацијата за транспортот со хеликоптерот со кој пациентот замина во здравствена установа во Австрија, како што пишува, на иницијатива на семејството.

– По однос на донесената одлука од страна на Првостепената комисија на ФЗОРСМ, важно е да се напомене дека истата постапи по документацијата што беше доставена со барањето, како и по документацијата што дополнително ја обезбеди по службена должност. Имено, одлуката е донесена како резултат на фактот што самиот предлог за упатување во странство, воопшто не содржи конкретна насока за вид на интервенција што е потребно да се изведе при лекувањето во странство, туку истиот содржи само општи процедури за рехабилитација.  Дополнително, предложениот вид на третман од страна на центарот во Австрија, се однесува на здравствени услуги од областа на физикална терапија и медицинска рехабилитација, велат од Фондот.

Постапувајќи по барањето, како што пишува во соопштението, Првостепената комисија на ФЗОРСМ носи негативната одлука.

– Овде уште еднаш би сакале да укажеме на законските ограничувања при постапување по овој случај, поточно, согласно член 30 став 1 и став 2 од Закон за здравственото осигурување („Сл. весник на РСМ“ бр. 25/00; 34/00; 96/00; 104/00; 30/01; 48/01; 50/01; 11/02; 31/03; 84/05; 119/05; 37/06; 109/06; 18/07; 36/07; 88/07; 88/07; 106/07; 82/08; 98/08; 142/08; 6/09; 45/09; 67/09; 14/10; 50/10; 156/10; 19/11; 53/11; 166/11; 26/12; 65/12; 145/12; 16/13; 91/13; 187/13; 43/14; 44/14; 97/14; 112/14; 113/14; 188/14; 20/15; 61/15; 61/15; 98/15; 129/15; 150/15; 154/15; 192/15; 217/15; 27/16; 37/16; 120/16; 142/16; 171/17; 275/19; 92/20; 77/21; 285/21; 60/23; 154/23; 209/23): „Осигуреното лице може да користи болничко лекување во странство со одобрение на Фондот, ако е во прашање заболување кое не може да се лекува во Републиката, а во земјата во која осигуреникот се упатува постои можност за успешно лекување на тоа заболување.  Осигуреното лице под условите утврдени во ставот 1 на овој член, може да користи во странство и здравствени услуги на контролни прегледи кои се однесуваат на веќе извршено болничко лекување во странство, одобрено од страна на Фондот, а кои не можат да се извршат во Република Северна Македонија.“, велат од Фондот.

Дополнително, се додава во соопштението, согласно член 44 став 3 од Правилникот за начинот на користење на здравствени услуги на осигурените лица во странство („Сл. Весник на РСМ“ бр. 234/22) стои: „Осигуреното лице на кое клиничкиот конзилиум од соодветната Универзитетска клиника во Скопје му издал предлог за упатување на лекување во странство со цел спроведување на дијагностичка постапка, контролен преглед пред извршување на болничкото лекување, контролни прегледи по завршување на болничкото лекување за кои осигуреното лице не спровело постапка пред Фондот, за лекување кое не е базирано врз усвоена медицинска доктрина и медицина базирана на докази, како и за лекување кое се наоѓа во фаза на клиничка студија и специјализирана медицинска рехабилитација, нема право на надомест на трошоците на товар на Фондот, согласно одредбите од овој Правилник.“

– Според овие законски и подзаконски одредби, Фондот може да упати осигуреник само на болничко лекување и контролен преглед по одобрено болничко лекување во странство, но, не и на медицинска рехабилитација. Дополнително, сакаме и да потенцираме дека одлуката на Фондот со што се одбива барањето за упатување во странство, сѐ уште не е конечна. Со добивање на решението, странката е известена за редовните правни патеки што истата може да ги искористи во управната постапка што ја води Фондот. Во согласност со позитивната законска регулатива, странката при користењето на правните средства има право да поднесе докази и дополнителна медицинска документација, за што цени дека можат да влијаат на постапката, а со која би ја оспорил веќе донесената одлука на Фондот, се наведува во соопштението на Фондот.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција во врска со лекувањето на Индов во Виена, посочи оти нема дилеми дека требало да се изврши медицинскиот транспорт. Тој потенцираше дека во иднина стојат на располагање на македонските граѓани на кои им е неопходен медицински транспорт.

Индов на 6 февруари замина во Виена за да добие третман со што ќе може да се ослободи од респиратор и да може да почне самостојно да диши. Тој беше првиот пациент транспортиран со полициски хеликоптер до Виена.

По веста дека ФЗОРСМ не одобрил пари за лекувањето на Леонид кој се повреди на летување во Грција минатата година, на социјалните мрежи почна кампања за собирање средства за покривање на трошоците за неговото лекување за што се потребни 140.000 евра. Отворени се и телефонски броеви за донација на Т-Мобиле 143-118 и на А1 143 500.

Tags: Леонид ИндовФЗОРСМ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ