• Latest

Галовеј: Лондон ја поддржува евроинтеграцијата на Северна Македонија и се надева на датум во октомври

August 24, 2019
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
Бебиња умираат од глад во Газа
Фотографија/ скриншот од видео на ИТВ

Лекарите во Газа предупредуваат дека бебињата се пред умирање поради недостаток на млечна формула, „Бебињата се коска и кожа“, велат тие

July 5, 2025
Протестни блокади Србија, Земун
Фотографија/ Н1

Шести ден од блокадата: Најавени се нови прекини во сообраќајот, „слободна зона“ во центарот на Земун

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Галовеј: Лондон ја поддржува евроинтеграцијата на Северна Македонија и се надева на датум во октомври

Тесно соработуваме со Владата на Северна Македонија да се осигураме дека ќе има континуитет во трговијата, движење на услугите и луѓето.  Малку е веројатно дека статусот на македонските граѓани што живеат во Обединетото Кралство ќе се промени, вели Галовеј во интервјуто за МИА.

August 24, 2019 09:31
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Велика Британија ја поддржува евроатлантската интеграција на Северна Македонија и се надева дека Европскиот совет на самитот во октомври на земјата ќе и даде датумот за почеток на преговорите за членство во ЕУ, вели британската амбасадорка во Скопје, Рејчел Галовеј во интервју за МИА.Таа во интервјуто говори и за значењето на владеењето на правото и потребите од реформи во правосудството и усвојувањето на нов закон за Јавно обвинителство од аспект на евроатлантските интеграции, за позициите на Лондон кон Западниот Балкан и статусот на македонските граѓани што живеат во Велика Британија по Брегзит, за британската поддршка за голем број проекти во земјава од областа на образованието и културата, како и за значењето и важноста на стипендијата Чивнинг, чии стипендисти од целиот свет станаа лидери што поттикнаа промени во нивните земји.

Велика Британија во континуитет ѝ дава поддршка на Северна Македонија за членството во НАТО и за отворање пристапни преговори со ЕУ. Сметате ли дека земјата ќе добие датум во октомври кога Советот на Европската Унија треба да се наврати на ова прашање?

Галовеј: Ја поддржуваме евроатлантската интеграција на Северна Македонија и се надеваме дека датумот ќе се објави на октомврискиот Европски совет.

Северна Македонија покажа лидерство и храброст во пристапот кон проблемот со името и постигна значаен напредок со бројни реформи.

Општиот правец е позитивен, но за вистински промени треба време и постојани напори од сите учесници во општеството. Процесот на влегување во ЕУ треба да ги засили овие реформи.

Официјален Лондон се подготвува за Брегзит во предвидениот рок. Како излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ ќе се одрази на односите на Велика Британија со земјите од Западен Балкан, особено со нашата земја?

Галовеј: Обединетото Кралство ќе ја напушти ЕУ на 31 октомври и работиме на постигнување договор со ЕУ. Ако тоа не е возможно, ќе мора да заминеме без договор. Ќе ги направиме сите неопходни подготовки за тоа.

Откако ќе заминеме од ЕУ, Обединетото Кралство ќе биде истата држава којашто беше досега: стабилна, отворена и праведна. Обединетото Кралство ќе остане поврзана со Северна Македонија и поширокиот балкански регион. Јасно е дека Западниот Балкан му е важен на Обединетото Кралство, како што покажавме со нашата четирикратно зголемена програмска поддршка, поброен кадар, како и со посетата на поранешната премиерка Тереза Меј во Скопје и посетата на министерот за надворешни работи Никола Димитров во Обединетото Кралство пред еден месец.

Верувам дека нашите и онака цврсти билатерални односи ќе продолжат да се продлабочуваат и во иднина.

Ќе влијае ли Брегзит на правата на македонските државјани што живеат во Обединетото Кралство?

Галовеј: Тесно соработуваме со Владата на Северна Македонија да се осигураме дека ќе има континуитет во трговијата, движење на услугите и луѓето.  Малку е веројатно дека статусот на македонските граѓани што живеат во Обединетото Кралство ќе се промени.

ЕУ и САД јасно ставија на знаење дека во пресрет на одлуката за датумот, треба да се донесе Законот за јавно обвинителство со кој треба да се уреди и статусот на СЈО во борбата против криминалот и високата корупција. Што ако законот не биде донесен?

Галовеј: Политичките партии мора да го стават интересот на земјата пред сè. Реформите во обвинителството се дел од пошироките реформи поврзани со владеењето на правото коишто се приоритетни за ЕУ, за НАТО и за граѓаните на Северна Македонија. Ефективноста и интегритетот на целокупното правосудство е предуслов за национална стабилност и просперитет.

Советот на ЕУ отсекогаш бил јасен дека треба да се утврди правна одговорност за сторените противзаконски дејства за кои јавноста дозна од прислушуваните разговори од 2015 година.

Случајот „Рекет“ веќе извесен период ја бранува македонската јавност, а предизвика реакции и од меѓународната заедница. Во пораката што вие ја упативте, нагласивте дека зацврстувањето на владеењето на правото е од витално значење за земјата и можност за независните институции да покажат посветеност на правдата за сите граѓани. Дали ова значи дека случајот „Рекет“ станува, на некој начин, неформален услов за датум за преговори?

Галовеј: Квалитетните законски рамки се важни, но владеењето на правото се заснова на нивната примена. Случајот Рекет е можност да се покаже делотворно, навремено и неселективно спроведување на законите. Најважно е граѓаните да видат дека владеењето на правото подеднакво важи за сите.

Обединетото Кралство дава поддршка за голем број проекти во земјава од областа на образованието и културата, пред сè, преку Британскиот совет. Дали има најава за нови проекти?

Галовеј: Финансираме повеќе од 30 други проекти покрај проектите на Британскиот совет што ги споменувате. Нашите проекти опфаќаат  области како економија, образование и добро владеење, од каде потекнуваат многу од прашањата кои граѓаните редовно ми ги поставуваат.

Меѓу најважните области што ми ги посочуваат е економијата. Затоа соработуваме со Светска банка за да ја поддржиме Владата во подобрувањето на регулативата преку нови закони за буџетирање и развивање стратешки цели во енергетскиот сектор преку Стратегијата за развој на енергетиката. Исто така, соработуваме со УНДП на проект за решавање на проблемите кои предизикуваат невработеност  и за надминување на недостатокот на вештини во важни индустрии како текстилната и градежната.

Сепак, економскиот раст е возможен само ако компаниите располагаат со работна сила што воведува иновации и има пристап до различни пазари. Затоа ме радува што ја воспоставивме нашата нова програма „Млади Хаб“ (Youth Hub), која ќе создаде место каде младите луѓе и учениците може да стекнат дигитални вештини што ќе ги подготват за барањата на сè подигитализираниот пазар на труд.

Овој проект е одличен бидејќи младите што ќе ја посетуваат програмата ќе мора да ѝ возвратат на својата заедница на тој начин што ќе им даваат поддршка на старите лица, ќе се вклучуваат во проекти за животната средина, ќе помагаат во училиштата или со домашните задачи.

Нашите проекти влијаат на идните генерации, и  затоа работиме и со УНИЦЕФ на програмата за зајакнување на предучилишното образование, промовирање на почитувањето на различностите, градење на социјално-емоционалните способности и меѓукултурни вештини кај децата.

Меѓу најважните проекти на коишто работиме е програмата „Училишта на 21. век“ што ја спроведува Британскиот совет, којшто работи со сите основни училишта во Северна Македонија за да ги насочи младите умови кон критичка мисла. До 2022, програмата ќе опфати еден милион 10- до 15-годишници низ Западниот Балкан.

И, конечно, продолжуваме да го поддржуваме доброто владеење во земјата преку најразлични проекти за следење на работата на институциите и Парламентот или преку директна соработка со институциите.

Опширно работиме на владеењето на правото, со поддршка на јавното обвинителство и судството преку различни проекти со кои воведоваме алатки за унапредување на знаења и вештини,  организациска, административна и техничка делотворност и управување со ресурсите.

Меѓу најпрестижните проекти е, секако, стипендијата Чивнинг, за којашто пријавувањето е во тек. Дали сте задоволни од интересот на студентите од земјава за пријавување на распишаниот конкурс? Забележувате ли нагорна линија во бројот на доделени стипендии?

Галовеј: Од 1983 година па наваму,  Чивнинг стипендијата им овозможи на повеќе од 50.000 исклучителни професионалци од целиот свет да студираат во Обединетото Кралство преку стипендии финансирани од нашата Влада.

Оваа уникатна можност им помогна да напредуваат во кариерата, да ги преобразат заедниците, да ги сменат и продлабочат своите гледишта и да градат мостови меѓу континентите.

Бројот на пријавени од Северна Македонија е различен секоја година и ги каниме граѓаните на Северна Македонија да се пријавуваат во поголем број бидејќи Чивнинг е посебна можност за професионалците што се гледаат себеси како идни лидери во различни стручни области.

Стипендистите на Чивнинг се високообразовани луѓе. Кои се светските искуства? Како нивните земји го искористуваат нивното знаење?

Галовеј: Оваа година одбележуваме 35 години глобално присуство преку наградата Чивнинг. Во овој период, стипендистите од целиот свет станаа лидери што поттикнаа промени во нивните земји. Некои од нив станаа претседатели, премиери, глобални деловни лидери, двигатели на позитивни промени, иноватори, миротворци, работејќи да се ополноправат младите и маргинализираните групи.

Мислите ли дека Северна Македонија е запознаена со своите професионалци како поранешните стипендисти на Чивнинг? Знае ли земјата како да ги интегрира во системот?

Галовеј: Во Северна Македонија имаме одлична мрежа за поранешните стипендисти на Чивнинг којашто е разновидна група двигатели на позитивни промени што работат во различни области: на универзитетите, во јавниот и во приватниот сектор, во невладини организации и во центри за стратешко размислување.

Тие го применуваат своето знаење стекнато во Обединетото Кралство работејќи во својата земја на важни области: родова еднаквост, човекови права, економија, финансии, животна средина, право, бизнис, медиуми, дигитална безбедност, иновации, јавни политики, граѓанско општество, младина итн.

Добар пример за мрежата на поранешни стипендисти е еден проект за животна средина на кој соработуваат со други поранешни стипендисти на Чивнинг од регионот. Проектот е финансиран од фондот на Програмата за поранешни стипендисти на Чивнинг алумни и нашата амбасада го поддржува овој проект.

Продолжуваме да ја поддржуваме нивната реинтеграција во земјата по нивните студии и да им помогнеме локално да ги искористат своите искуства и знаења стекнати во Обединетото Кралство, но секогаш бараме начини на кои може нивната соработка и интеграција да се подобри.

Кои се стручните области во кои последната група стипендисти на Чивнинг ќе ги применуваат своите знаења во земјата?

Галовеј: Британската амбасада им посака добредојде на седум стипендисти од Северна Македонија кои се вратија во својата земја и сега работат во областите на: комуникации; деловна психологија; социјална политика; развој на невладини организации; медиуми; родова еднаквост и развој, како и законодавство поврзано со животната средина.

Штотуку добивме потврда и дека во септември шест нови стипендисти ќе заминат на студии во Обединетото Кралство. Ќе студираат компаративна политика; родова еднаквост, насилство и конфликт; филмска постпродукција; менаџирање во  здравствената заштита и јавни политики. Северна Македонија треба да ги искористи вратените стипендисти за  развојот  на земјата.


Драган Антоновски/Извор МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ