• Latest
Џабир Дерала на ТВ Шења, октомври, 2023

Гаши да се извини!

June 7, 2024
Фото: Скриншот од видео на VISEGRAD/ X

Трамп и Зеленски по средбата во Белата куќа: Украински дронови за амаерикански „томахавк“

October 17, 2025
Фото: Скриншот CNBC

Трамп и Зеленски во Белата куќа: Будимпешта во фокусот, мирот во Украина на маса

October 17, 2025
Трамп. Фото: Генерирано со ChatGPT

„Америка на прво место“ станува „Трамп на прво место“ – кога претседателот сака глобална моќ

October 17, 2025

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

October 17, 2025
Фото: Собрание

Гаши на средба до набљудувачите од ЕП: Уверен сум дека изборите ќе покажат демократска зрелост на земјата

October 17, 2025

Одобрен обвинителниот акт против сопственикот на „Рубикон“, агенцијата што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

October 17, 2025

ЦИВИЛ со интензивна комуникација со јавноста за време на изборниот ден

October 17, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

October 17, 2025

EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

October 17, 2025

Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

October 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Гаши да се извини!

June 7, 2024 07:47
in ES-PRESS-O, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала на ТВ Шења, октомври, 2023

Џабир Дерала на ТВ Шења, октомври, 2023

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Скандалозно! Претседателот на Собранието, Африм Гаши рекол дека негова татковина е Косово! Па како може така!? Од каде зема плата, каде дошол на власт, пред кого одговара, каде лежи неговата лојалност, преседан, нека си оди во Косово… се слушаат пискотници од сите ќошиња на медиумската џунгла. Се разбира, Мицкоски мандатарот, веднаш се истакна или барем медиумите, речиси без исклучок, му го дадоа вообичаеното најистакнато место. Тој побара од Гаши да се извини, „ако така рекол“. Точно така, Мицкоски од Гаши побара да се извини, ако рекол дека негова татковина е Косово.

Што навистина се случи? Во ТВ 21 е опишана целата ситуација, иако треба да се истакне дека насловот е провокативен: „Претседателот на Собранието на Македонија Гаши: Како да кажам, Косово е моја татковина.“ А насловите се сѐ што се чита во денешно време.

Гаши одговори на новинарското прашање: „Имајќи предвид дека вашето потекло е од Косово, колку сте запознаени со случувањата во Косово и со животот на граѓаните на Косово?“

„Верувајте, до деведесеттите ние немавме никаква разлика. Кога се поставија административните граници, луѓето родени по деведесеттите можеби и не можат да го разберат ова, но за мене Косово е мојата татковина, местото каде се родени моите родители и сочувствувам со сѐ што се случува во Косово. Нема ниту еден процес, политички, економски или општествен што не го следам таму и го следам со многу внимание, како да сум од таму,“ одговара Гаши, со донекаде пренагласена потреба да се „докаже“.

Но… Што ќе беше ако Африм Гаши кажеше дека негова татковина е Југославија? Дали тогаш ќе беше славен како Африм Војвода?

Дајте да видиме… Гаши да се извини за што? За потеклото? Дека е загрижен што се случува со државата од која потекнуваат неговите родители, а патем е наша соседна држава? Или треба да се извини што до 1991 година немало граница меѓу двете држави, тогаш федерални единици на една поголема држава?

Има ли сериозен човек во оваа држава?

Што ќе се случи ако некој каже дека се чувствува како граѓанин на светот? Или Европа? И поради таа идентитетска припадност ќе каже дека – заради слободата на Европа и светот – се поистоветува со украинската борба за ослободување од рускиот агресор? Кога такво нешто ќе се случи, мора веднаш да се бара прочка кај Мицкоски. Добро разбрав?

Ако кажам дека Скопје веќе не е мој град, затоа што го уништи вмровското лудило наречено Скопје 2014, а Кијив, Берлин и Лондон ги чувствувам како мои градови (сите заедно и истовремено!), веројатно ќе треба да се формира посебен меѓународен трибунал. Или ќе треба да му се извинам пола на Биљал Касами (роден сум во Тетово) и пола на Петре Шилегов (вистински скопски градоначалник), бидејќи голем дел од животот го поминав во Скопје, од каде што потекнува семејството на мајка ми од почетоците на доминацијата на Отоманската Империја на овие простори. Сепак… Извинете г. Мицкоски! Да се извинам јас навреме и на вистинска адреса. И нема веќе да навивам за репрезентацијата на Хрватска од каде што потекнува баба ми. И нема веќе да велам доминација на Отоманската Империја, туку турско ропство!

Туку, да прашам, дали и Џон Кенеди требаше да му се извини на некој американски мицкоски затоа што во говорот во Западен Берлин, 1963 година, рече Ich bin ein Berliner (јас сум берлинец)?

Дали Тито требаше да се извини што учествувал (веројатно од Париз) во Шпанската граѓанска војна? Или Бајрон, затоа што се бореше во борбата на Грција за ослободување од Отоманската доминација, пардон, турското ропство?

Да се вратам во „нашата земја“… Што да правиме со Талат Џафери кој, по посетата на местата во кои руските агресори извршија невиден масакр, рече дека е Украинец!? Да му се извини на Мицкоски? Или барањето за извинување важи само кога во прашање е Косово?

Дали Бошњаците во „нашата земја“ треба да се извинат затоа што сочувствуваат со жртвите од геноцидот во Сребреница? А ако јас го чувствувам истото, дали треба да им се извинам на Бошњаците, Србите или на Мицкоски? А ако кажам дека бугарската, хрватска, еврејската и другите заедници треба да најдат свое место во Уставот на „нашата земја“ – на кој шалтер да се пријавам за извинување?

Ајде, доста со Мицкоски. Да бидеме реални, тој не е единствениот што е вознемирен. Дури и „прогресивно-европските“ елементи се побунија, па пишуваат ли пишуваат по социјалните мрежи, пискаат во ист глас со вмраната, а „прогресивно-европските“ сајтови ги пренесуваат со подеднаква загриженост како и „куририте“. Јбг, сите сакаат да бидат Мицкоски овие денови.


Текстот е личен став на Авторот | ЦИВИЛ МЕДИА


Од Европа до изолација: Две македонски држави, „наша“ и „нивна“

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ