Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е шокиран од руските ракетни напади што го погодија Киев за време на неговата посета на градот, изјави новинарот на Би-Би-Си, Бен Браун, пренесува Укринформ.
„Генералниот секретар на ОН ми кажа дека е шокиран од Русија што изврши ракетен напад врз Киев додека тој е во градот на разговори со претседателот Зеленски. Украина тоа го нарекува „гнасен чин на варварство“ – и „разгледница од Москва“, напиша Браун на Твитер. .
Како што беше објавено претходно, најмалку две експлозии беа регистрирани вчера во главниот град на Украина, Киев, веднаш по средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Најмалку десет лица беа повредени во нападот.
На 27 април Гутереш пристигна во Москва на разговори со претседателот Владимир Путин. Следниот ден Гутереш дојде во Украина. Меѓу другото, тој го посети и градот Бородинка, Киевската област, кој беше сериозно погоден од руската инвазија.
Подготви: Д. Мишев