• Latest

Генералштабот го брифира Пендаровски за борбената готовност на Армијата

December 23, 2020
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Генералштабот го брифира Пендаровски за борбената готовност на Армијата

December 23, 2020 13:29
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот и врховен командант на Армијата Стево Пендаровски, денеска во Домот на Армијата во Скопје, беше информиран од страна на началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски за состојбата и борбената подготвеност на Армијата на Република Северна Македонија во 2020 година.

Како што соопшти Генералштабот на Армијата, на првиот брифинг за борбената готовност по полноправното членство во НАТО Алијансата присуствуваше и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, генералите во Армијата и претставници од кабинетот на претседателот и министерството за одбрана.

– Претседателот Пендаровски, за време на брифирањето беше запознаен со состојбата во Армијата според следните функционални области: персонален менаџмент и морал, операции, обука и вежби, логистичко обезбедување, планирање, врски и комуникации, буџетирање и цивилно-воена соработка. Притоа беа истакнати планираните и реализираните активности во однос на обуката, ангажирањето на Армијата во асистенција на институциите во справување со „Ковид-19“, текот на трансформациските и интегративните процеси кои се одвиваат согласно НАТО стандардите и останати сегменти од работата на единиците кои имаат влијание врз борбената готовност, се наведува во соопштението.

Од страна на генералот Ѓурчиновски било истакнато дека со особено залагање и професионализам на сите припадници на Армијата се реализираат сите доделени задачи во поддршка на институциите при справувањето со епидемиолошката кризна состојба предизивкана од вирусот Ковид-19, успешно се реализираат подготовките и учеството во меѓународните операции и дека со несмалено темпо ќе се продолжи со исполнување на сите планирани задачи поврзани со потполна интеграција во структурата на НАТО.

Притоа било истакнато зголемувањето на борбената готовност во тековната година особено во областа на моралот на припадниците на Армијата врз основа на подобрувањето на животниот стандард и условите за престој и работа преку реновирање на објектите во касарните.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска посочила дека како членка на НАТО, Северна Македонија има обврска не само да ги постигне, туку и да ги унапредува НАТО стандардите во чекор со сојузниците, а тоа значи постојано инвестирање во борбената готовност на Армијата. Таа нагласила дека приоритет е инвестирањето во човечкиот потенцијал, приловот на млади војници чија мотивираност ја предизвикале подобрените услови, повисоките плати и модернизацијата на Армијата.

– Континуираното зголемување на буџетот на одбраната за 0,2 посто во последните три години, со цел да се достигне два посто од БДП до 2024 година, го овозможува тоа. Зајакнувањето на борбената готовност на Армијата е наш национален и НАТО приоритет. Лесниот пешадиски баталјон за неколку години ќе прерасне во Лесна пешадиска борбена група. Примарен фокус во градењето на оваа НАТО способност е пополната со персонал, опремувањето и обуките. Високото ниво на борбена готовност секојдневно го демонстрираат и нашите мировници ангажирани во операциите за поддршка на мирот, рече Шекеринска.

Претседателот и врховен командант, Стево Пендаровски во своето обраќање до учесниците на брифингот истакна дека изминатава 2020 година, со сите предизвици што ни ги донесе, е историска за Армијата, поради зачленувањето на Република Северна Македонија во НАТО – чин со кој се исполнила една од нашите главни стратешки цели како држава, и се валоризирале севкупните напори на припадниците на одбраната од независноста до денес.

– Како Врховен командант сум горд на високиот професионализам и покажаната посветеност на припадниците на Армијата и во изминатата година. Прогласената кризна состојба уште еднаш ја потврди подготвеноста на Армијата брзо да одговори на потребите на институциите и да даде поддршка кога е тоа потребно. Инвестирањето во модернизирањето и опремувањето на Армијата мора да продолжи. Еден од моите главни приоритети останува во следните години да ја достигнеме зацртаната цел, два посто од БДП да се одвојува за одбраната, нагласи Пендаровски.

Брифингот на борбената готовност, додаваат од Генералштабот на Армијата, е планска годишна обврска на началникот на Генералштабот кон претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на Вооружените сили.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ