Германија доби официјална потврда за најавите дека претседателот на САД, Доналд Трамп реши до крајот на септември да го намали бројот на американски војници во Германија од сегашните 34.000 на околу 25.000.
„Американските даночни обврзници не сакаат повеќе да плаќаат за одбрана на други земји“, изјави Ричард Гренел, кој претходно овој месец официјално поднесе оставка од Абасадор на САД во Германија за да се приклучи на изборната кампања на Доналд Трамп за претседателските избори во ноември 2020 година, пренесуво Евроактив.
Според најавите на Гренел американски војници ќе се повлекуваат и од Јапонија и Јужна Кореја.
Со оваа одлука не се согласуваат Републиканците кои сметаат дека со оваа одлука ќе се наруши националната безбедност на САД.
„Веруваме дека ваквите чекори значително ќе наштетат на националната безбедност на САД и ќе ја зајакнат позицијата на Русија на наша штета“, се вели во писмото до Трамп, потпишано од повеќе од 20 члена на Комитетот на вооружените сили .
И од официјален Берлин потврдуваат дека се информирани за ваквите најави на САД.
„Германската влада е известена дека има размислувања во американската администрација за да се намали присуството на американските вооружени сили во Германија“, изјави заменик-портпаролката на владата, Улрике Демер во средата.
„Колку што знаеме, сè уште нема конечна одлука“, додава Демер, нагласувајќи дека Владата само била „информирана“ за намерите на Вашингтон.
Во моментов има 34.674 американски војници стационирани во Германија, вклучително и 20.774 од Армијата и 12.980 од воздухопловните сили, според извештајот на Пентагон.
Има повеќе американски војници стационирани во Германија отколку во која било друга европска земја, а американската воена инфраструктура во Штутгарт, Германија беше клучен центар за обезбедување мисии во Авганистан и Ирак.
извор Евроактив