Германија вели дека го суспендира воениот извоз во Израел, како одговор на планот на Бенјамин Нетанјаху за преземање на градот Газа, пренесува Би-би-си.
Безбедносниот кабинет на Израел го одобри планот на Нетанјаху преку ноќ. Одлуката предизвика критики од меѓународните лидери, вклучувајќи ја и Германија, долгогодишен сојузник на Израел и еден од најголемите добавувачи на оружје за Израел
Преземањето контрола врз градот Газа веројатно ќе биде првата фаза од целосно преземање на територијата, вели дописникот на Би-би-си од Блискиот Исток
Во меѓувреме, жителите на Газа му кажуваат на дописникот дека се плашат од повеќе уништување и раселување, додека други се пркосни:
„Нека ја уништат куќата над нашите глави – ние нема да заминеме“
Во Израел, семејствата на заложниците велат дека владата „нè води кон колосална катастрофа“
Израел вели дека поголем воен притисок ќе го уништи Хамас, но историјата ни покажува дека само силата не функционира, пишува Џереми Бовен
Германија е втора земја од Европската Унија која воведува забрабна за продажба на оружје на Израел, откако претходно, како што објави ЦИВИЛ Медиа, на 1 август Словенија воведе ембарго за извоз, увоз и транзит на оружје во Израел, со што стана првата европска земја што презела таков чекор.
Израелската влада не им дозволува на меѓународните новински организации, вклучително и на Би-Би-Си, да влезат во Газа за слободно да известуваат
Д. Мишев