Германија има намера до крајот на годината да ги запре испораките на нафта од Русија, а потоа целосно да се откаже од увозот на руска енергија.
Ова го изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок по средбата со колегите од балтичките земји.
Според неа, до летото испораките на нафта ќе се преполоват, а до крајот на годината целосно ќе престанат. Тогаш ќе започне постепено откажување и на испораките на рускиот гас – овој процес ќе се одвива во рамките на заедничката патна карта на земјите од ЕУ.
„Затоа, јас велам јасно и недвосмислено: да, Германија, како и другите земји од ЕУ, целосно одбива да увезува руски енергетски ресурси“, рече Барбок.
Германија е најзависна од увозот на руски енергетски ресурси од сите западноевропски земји.
Според Сојузниот завод за статистика, Русија има удел од 24,1% од испораките на нафта и гас и 49,1% од испораките на јаглен во Германија.
подготви: Ж. Димовски