• Latest

Германија претстави феминистичка стратегија за надворешната политика

March 1, 2023

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Германија претстави феминистичка стратегија за надворешната политика

March 1, 2023 20:47
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Германските министерства за надворешни работи и за развојна помош сакаат да ја поддржат позицијата на жената во иднина со феминистичка стратегија за надворешна политика, беше објавено денеска во Берлин.

– Ние не повикуваме на револуција, тоа е нешто што се подразбира, рече министерката за надворешни работи Аналена Бербок (Зелените) додека ја претставуваше новата феминистичка стратегија за надворешна политика, која претходно денеска беше одобрена од федералната влада, пренесува МИА.

Бербок објасни дека новата стратегија не е за ограничувања туку за проширување на соработката со другите земји.

– Станува збор за зајакнување на положбата на жените кога станува збор за застапеност, права и пристап до ресурси, рече Бербок.

Таа нагласи дека „Германија може многу да научи“ од земји како Албанија и Руанда, каде жените се многу поприсутни во политиката отколку во Германија.

Германската министерка за развојна помош Свења Шулце (Социјалдемократската партија на Германија СПД) најави дека до 2025 година 93 отсто од ветените средства треба да бидат наменети за проекти кои гарантираат еднаквост.

Во иднина, како што нагласи Шулце, приоритет ќе имаат проекти во кои учествуваат и жени.

– Важно е да им се овозможи на жените пристап до образовниот, финансискиот и здравствениот систем преку проектите, нагласи Шулце.

Феминистичката надворешна политика беше вклучена во коалицискиот договор на социјалдемократско-зелено-либералната влада на Олаф Шолц.

Демохристијанската опозиција генерално го поздрави воведувањето на феминистичките принципи во германската надворешна политика, но изрази скептицизам во однос на нивната применливост.

– На крајот, тоа е само етикета која длабоко навлегува во структурата и работните текови на Министерството за надворешни работи, а која во исто време нема да има никаков ефект врз реалниот свет на надворешната политика, рече Силвија Бреер, една од потпретседателите на Христијанско-демократската унија (ЦДУ).

Во исто време, таа ја обвини министерката Бербок за неефикасност кога станува збор за политиката кон Иран и Украина.

– Компасот на министерката се уште очигледно не е прилагоден. Во спротивно, таа не би ги набљудувала страдањата на жените во Иран без да преземе нешто, изјави демохристијанската политичарка.

Tags: Германијафеминистичка стратегијаЦДУ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ