Германската армија прави „голем напредок“ кон борбената готовност, според шефот на армијата, генерал-полковникот Алфонс Маис.
Меѓутоа, Маис предупреди дека може да се случи воен застој или напад пред војниците да имаат доволно време да се подготват, во коментарите за дпа.
„Мора да бидеме свесни дека ако алармот се вклучи, тоа би можело да нé погоди во субоптимална состојба или во помалку од оптимално време. Командантите треба умствено да се подготват за ова“, рече Маис, кој се пензионира во септември.
Тој нагласи дека, покрај опремувањето на војниците, тој е загрижен за прашањето за „начинот на размилување“ – што значи ставот потребен за војниците да ги бранат своите вредности.
Неговиот совет беше да се свртиме кон примерот на војниците на Бундесверот, кои се наградени со воениот Крст на честа за храброст.
„Верувам дека сите наши војници знаат што да очекуваат. И го гледаме тоа. Во разговори со младите луѓе, гледам дека тие станале многу посериозни“, рече Маис. „Некој што денес се пријавува за Бундесверот знае дека има војна во Европа.“
Извор: DPA.de
Превод: Н. Цветковска