Categories

СЦЕНСКИ НАСТАП Гимназијалците од Куманово порачаа: За насилството не смее да се молчи

„Можеби не ги знаеме вистинските дефиниции за екстремно насилство, но за нас сè она што ги надминува границите на нормалното е екстремно“, со овие зборови го започнаа својот сценски настап Драмскиот клуб при СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, Куманово, на  мултимедијалниот настан „Заедно за иста цел“ во организација на ЦИВИЛ, а во соработка со Општина Куманово, СВР Куманово и основните и средни училишта од градот.

Младите и талентирани гиманазијалци прикажаа три ситуации на енстремно насилство, нивното вилјание, но и можни решенија на поинаков и мирен начин. Темите што тие ги обработија беа жените, жртви на насилство, семејно насилство, злоупотреба на децата, суруво мачење во заробеништво, укашувајќи на потребата од постојана бобра против насилството за кое не треба да се молчи.

Мултимедијалниот настан беше проследен со видео проекции, музика, доделување на награди за најуспешните учесници на конкурсот за ликовни творби и благодарници на учесниците во проектот за нивните активности и придонесот во борбата против насилниот екстремизам.

ЦИВИЛ го спроведува проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“ со поддршка од Амбасадата на САД во Скопје.

Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email