• Latest

Гир по повод Денот на Европа: Оддавање признание на посветеноста, одговорноста и солидарноста

May 9, 2021
Foto: Wikimedia commons

Фон дер Лајен: Подготвени сме да напишеме ново поглавје во односите меѓу ЕУ и Кина

July 8, 2025
Фото: Основно јавно обвинителство

Oтворена првата просторија за сослушување на деца – жртви и сведоци на трговија со луѓе во рамки на Јавното обвинителство

July 8, 2025

Израелскиот план за присилно преместување на населението од Газа „хуманитарен град“ е план за злосторства против човештвото, алармираат адвокати за човекови права и правни експерти

July 8, 2025

ДЗР: Недоволниoт буџет за програми за здравствена заштита и застојoт во капиталните инвестиции влијаат на квалитетот и достапноста на здравствените услуги

July 8, 2025
Фотографија: Ал Џезериа Фејсбук профил

Во Газа, гладот не е катастрофа, туку тактика – хуманитарната помош станува оружје

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
NBC News

Најмалку 11 мртви и стотици уапсени во антивладините протести во Кенија

July 8, 2025
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп најави нови тарифи до 40% за сè поголем број земји

July 8, 2025

УНЕСКО: Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на повеќе од 100

July 8, 2025

Извештајот на Вајц денеска на дискусија пред европратениците

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Гир по повод Денот на Европа: Оддавање признание на посветеноста, одговорноста и солидарноста

May 9, 2021 13:51
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Додека акцијата за масовна вакцинација влева надеж за излез од пандемијата, ковид-19 нè потсети на две клучни работи: дека сите сме меѓусебно поврзани и дека најдобро ги надминуваме предизвиците работејќи заедно. Значајната помош што ЕУ ја обезбеди за време на пандемијата, но не само тогаш, ја покажа нејзината силна посветеност кон проширувањето и кон европската перспектива за Северна Македонија. На овој Ден на Европа, ги славиме посветеноста, одговорноста и солидарноста – основни вредности и аспирации на ЕУ кои не водат напред, вели амбасадорот Дејвид Гир во неговото обраќање по повод 9 Мај Денот на Европа.

Повеќе од една година нашите животи се длабоко погодени од пандемијата со ковид-19, наведува тој, а вообичаените социјални и работни односи се нарушени. Некои доживеале болест или загуба. Егзистенцијата е изложена на ризик. Многумина страдаа од чувство на изолација.

– Но, сега постои причина за надеж. На почетокот на оваа недела, го имав  задоволството да го пречекам комесарот за соседство и проширување Вархеи во Скопје. Неговата посета се совпадна со пристигнувањето на првата испорака од близу 120.000 дози вакцини, подарени од Европската унија. Исто така, се совпадна со почетокот на програмата за масовно вакцинирање во земјата – која дава најдобра надеж за излез од пандемијата. Но, иако пандемијата предизвика превирања во земјите ширум светот, во исто време нè потсети на две клучни работи: дека сите сме меѓусебно поврзани и дека најдобро ги надминуваме предизвиците работејќи заедно, стои во обраќањето на евроамбасадорот Гир по повод Денот на Европа.

Овие размислувања, потенцира, пред сè го инспирирале европскиот идеал. Тие, вели Гир, доведоа до формирање на самата Европска унија и тие продолжуваат да не водат во нашите постапки и денес.

– Тие беа во срцето на масовниот одговор на ЕУ на ковид-19 во Западен Балкан и пошироко. Во Северна Македонија ова вклучува обезбедување итна помош за здравствена заштита (над 25 вентилатори, 35.000 единици медицинска опрема и над 2 милиони единици опрема за лична заштита) 66 милиони евра во грантови и 160 милиони евра во поволни заеми за ублажување на социо-економските последици на пандемијата и за зачувување на работни места, потсетува шефот на Делегацијата на Европската унија во нашата држава, вели Гир.

Додава дека тие исто така ја поткрепуваат силната посветеност на ЕУ кон проширувањето и европската перспектива за Западен Балкан, вклучително и за Северна Македонија.

– Ова е причината зошто Европската унија останува постојан партнер, поддржувајќи ја земјата на нејзиниот реформски пат, вклучително и преку значителна финансиска и техничка помош. Во овој поглед, исто така, силно се надеваме дека ќе биде можно брзо решавање на отворените прашања, дозволувајќи за возврат, почеток на пристапни преговори, подвлекува меѓу другото амбасадорот Гир во обраќањето.

Откако пристигнав во Северна Македонија минатиот септември, се осврннува Гир, имав привилегија да запознаам многу извонредни личности, луѓе, како што вели, кои покажуваат верба во истите овие принципи: дека сите сме меѓусебно поврзани и дека најдобро работиме заедно. Луѓе кои веруваат во моќта на промената.

– Тоа се лекарите, медицинските сестри и помошниот персонал кои неуморно работат за да обезбедат медицинска поддршка за време на пандемијата. Професионалци, но и обични граѓани кои се понудија да  дадат свој придонес: со производство на заштитни материјали, донирање храна и лекови или со грижа за соседите во изолација. Тука се и извонредните млади луѓе со кои имав можност да се сретнам и да разговарам, инспирирани од визијата за подобра иднина – позелена, побезбедна и порамноправна,  наведува Гир.

И токму на овие примери на посветеност, одговорност и солидарност тој им оддава признание денес, на Денот на Европа. Тие, истакнува амбасадорот Гир, ги претставуваат основните вредности и аспирациите на Европската унија и го посочуваат патот напред, за сите нас, како Европејци и за идна, проширена ЕУ.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ