• Latest

Гир за МИА: Сакам да испратам силна порака дека европската перспектива на Северна Македонија е јасна и неспорна

January 23, 2021

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Гир за МИА: Сакам да испратам силна порака дека европската перспектива на Северна Македонија е јасна и неспорна

January 23, 2021 09:15
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Сакам да испратам силна порака дека европската перспектива, перспективата на пристапување на Западен Балкан, вклучително и на Северна Македонија, е јасна и неспорна. Минатата година го имавме Самитот во Загреб, каде што оваа стратегиска цел беше повторена од страна на лидерите, ништо не е променето. Северна Македонија со нејзината географска положба, со нејзината култура, историја, е европска земја.

Ова во интервју за МИА го изјави амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија Дејвид Гир, со кого разговаравме и за спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, за можното членство во Европската економска зона, за пристигнувањето на вакцините, Ковакс механизмот, помошта на Европската Унија за санирање на последиците од Ковид кризата врз економијата…

Евроамбасадорот е оптимистичен дека земјава ќе оди напред, како и за заложбите на португалското претседателство со ЕУ да се одржи првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ во првата половина од годинава.

За евроамбасадорот Гир, преку процесот на реформи Северна Македонија ќе стане дел од семејството на Европската Унија.

Европската комисија најави дека ЕУ ќе обезбеди 70 милиони евра во грантови за земјите од Западен Балкан за да набават вакцини. Сепак, процесот за набавка на вакцини се одвива бавно. Северна Македонија и покрај што доби ветувања дека ќе добие помош во вакцини од две соседни земји членки, доби помош од Србија. Кога најбрзо може да се очекува помошта од ЕУ?

– На сите ни е јасно дека за да се излезе од пандемијата треба да се осигуриме сите да имаат пристап до безбедни и ефикасни вакцини. Европа нема да биде безбедна сè додека сите региони на Европа се безбедни. Сите ние сме засегнати и затоа ЕУ е рамо до рамо со Западен Балкан и со Република Северна Македонија од почетокот на кризата.

Минатата година, ЕУ обезбеди повеќе од милион производи од медицинска заштитна опрема за Западниот Балкан. Помогнавме на бизниси за да не пропаднат како резултат на економското влијание на ковид-пандемијата и затворањето на општеството. Им помогнавме на ранливите категории граѓани, кои можеа да останат без работа и оние кои имаат тешкотии да влезат на пазарот на трудот.

Исто така, им помогнавме на владите, особено на Владата тука кога се соочи со намалување на приходите и при управувањето на јавните финансии преку макрофинансиска помош. Така што, уште од почетокот обезбедуваме огромна помош. Исто така, знаете дека Европската комисија најави грантови во износ од 70 милиони евра за Западен Балкан да им помогне на земјите да ги покријат трошоците за набавка на вакцини од земјите членки на ЕУ како дополнителна помош покрај механизмот Ковакс.

Во врска со прашањето за вакцинација. Процесот не треба да претставува трка меѓу земјите. Сите сме засегнати. Претходно, стапката на заразени беше повисока тука на Западен Балкан отколку во ЕУ, а во моментов стапката е повисока во ЕУ во споредба со Западниот Балкан. Сигурен сум дека вие, и слушателите и гледачите, сте свесни за огромниот притисок со којшто се соочуваат членките на ЕУ додека започнуваат со вакцинација на населението, а истовремено се појави и мутација на вирусот со кој се зголеми бројот на новозаболени.

И покрај предизвиците, ЕУ-земјите рекоа дека ќе обезбедат вакцини. Кога ќе биде тоа… Вчера, претседателката на Европската комисија изјави во Брисел дека се надева дека тоа ќе биде наскоро. Можам да кажам дека Комисијата работи со земјите членки за да ја организираат испораката, но не можам да прецизирам кога би било тоа. Но, ќе повторам дека ова е пример за поддршката којашто ние ја обезбедуваме. Даваме поддршка уште од почетокот. Кризата трае речиси една година и секако ќе продолжи.

Пораката до вас е дека тука сме од почетокот, за време на кризата, а и во иднина, вклучително и за процесот на вакцинација.

Меѓутоа недостигот на вакцини придонесува за зголемување на стапката на смртност, значи време нема, а се покажа дека Ковакс-механизмот не функционира, иако е добро замислен, но не е функционален. Дали е тоа уште еден доказ дека ЕУ не функционира, барем не така брзо во кризни моменти, како во оваа пандемија?

– Не, не мислам така. ЕУ ја обезбеди досега најголемата помош од 3,3 милијарди евра за целиот регион за секоја од фазите и продолжува да обезбедува помош. Исто така, се обврза да обезбеди вакцини за Западен Балкан. Но, потребно е време за испорака. Како што реков, претседателката на ЕК се надева дека тоа ќе биде колку што е можно побрзо.

ЕУ оддели голем пакет макрофинансиска помош за Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија, во екот на пандемијата. Помошта се состоеше и во медицински и други средства. Дали можеме да очекуваме дополнителна помош за справување со последиците врз економијата што ги предизвика Ковид-19?

– Да, секако. И ова е пример за огромната поддршка од ЕУ. Сигурно знаете за обемните разговори минатата година на ЕУ-членките за тоа како да подготват пакет за закрепнување за справување со економските ефекти од ковид-пандемијата. За време на разговорите, ЕУ не заборави на регионот на Западен Балкан. Напротив. Договорија суштинска понуда за Западен Балкан за да му помогне на регионот да закрепне преку инвестиции. Тоа е Економскиот и инвестициски план, кој го претстави комесарот за проширување Вархеји во октомври.

Планот се состои од девет милијарди евра за Западен Балкан заедно со гаранцискиот инструмент за Западен Балкан нуди заеми и до 20 милијарди евра. Тоа се огромни суми. За што би се искористил? Целта е да се поддржат инвестиции на Западен Балкан за поврзување, односно инвестиции за негово развивање во транспортот и енергетика, а и инвестиции кои би му помогнале на Западниот Балкан во клучните транзиции, меѓу кои зелена и дигитална транзиција.

Понудата е веќе ставена на маса и имаше суштински разговори со Владата и на крајот на минатата година во врска со тоа како да се поттикнат инвестиции преку оваа понуда. Да ви дадам пример. Може да очекуваме околу 200 милиони евра, кои би биле достапни за изградба на пругата до Бугарија, како дел од познатиот Коридор 8, како и пречистителна станица за отпадна вода во Скопје.

Португалскиот министер за надворешни работи рече дека процесот на европска интеграција на Северна Македонија и одржувањето прва меѓувладина конференција во првата половина од годината ќе биде еден од приоритетите на нивното претседателство со ЕУ. Додаде дека земјава ја сработи својата домашна задача, и сега е ред на ЕУ да исполни. Можеме ли да го очекуваме тоа?

– Да, можеме да го очекуваме тоа. Само да се навратиме на настаните од минатата година во март – историската одлука донесена од Европската Унија. Тоа значи дека 27 земји членки сите заедно се договорија за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија.

Следниот чекор е усогласување на Преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција, што всушност ќе го отпочне самиот процес на преговори. Тие разговори продолжуваат во Брисел и навистина португалското претседателство се обврза дека ќе го помогне и ќе го турка процесот.

Во меѓувреме, она што е важно, е Северна Македонија, заедно со Бугарија, билатерално да се ангажираат во обид да изнајдат решение што е прифатливо за двете страни, коешто ќе овозможи ситуацијата да оди напред.

Очигледно е дека хендикеп на ЕУ е вклучување на билатералните спорови во процесот на проширување, вклучувајќи го и спорот Бугарија–Северна Македонија. Дали тоа е изговор или ова се правилата на организација што ги избира своите пријатели?

– Да ги погледнеме правилата на организацијата. Знаете во некои клучни области како што е процесот на проширување, Европската Унија, нејзините 27 земји членки, дејствуваат врз база на едногласност. Во други области тоа не е случај. Но во овој случај е така. Тоа едноставно значи дека 27-те членки мора да се договорат со цел да се оди напред. И ако погледнете наназад, многу одлуки во изминатите години што беа донесени едногласно, ќе видите дека понекогаш овој процес на едногласност резултира со одложувања и поради тоа е потребно повеќе време.

Имам целосно разбирање дека луѓето се чувствуваат фрустрирано, сакаат да одат напред, нетрпеливи се да се движат напред, но исто така е важно да се нагласи дека за да се оди напред, потребен е ангажман за овие прашања. Многу примери има од минатото каде што со континуирано ангажирање работите се движат напред и јас сум голем оптимист.

Случајот Скопје – Софија вклучува интерпретирање на историјата. На тоа јасно се спротивставија Чешка и Словачка. Нели е опасно историјата да стане предуслов за членство?

– Нема да одам во детали за тоа што е дискутирано. Важно е да се фокусираме на она што е важно во овој случај. Значи како што кажав и претходно, две работи се неопходни – првата е Република Северна Македонија и Бугарија да продолжат да се ангажираат да ги решат своите прашања на билатерална основа и второ – во меѓувреме Владата тука да го имплементира и да го забрза реформскиот процес. Зошто тоа е важно – прво, поради тоа што е од најголема важност за граѓаните, но второ реформите, и реформите поврзани со ЕУ се најбрзиот начин да се приближите и да се приклучите кон европското семејство.

Кое би било другото решение за Западен Балкан. Од геостратегиска гледна точка е дел од Европа. Се остава ли простор за други сојузи вон ЕУ?

– Треба да сме јасни. Сакам да испратам силна порака дека европската перспектива, перспективата на пристапување на Западен Балкан, вклучително и на Северна Македонија, е јасна и неспорна. Минатата година го имавме Самитот во Загреб, каде што оваа стратегиска цел беше повторена од страна на лидерите, ништо не е променето. Северна Македонија со нејзината географска положба, со нејзината култура, историја, е европска земја. Има длабоки економски и трговски врски со Европската Унија. Досега е нејзин најголем партнер и останува нејзината евроатлантска стратегиска ориентација. Така што ќе се навратам на одлуката донесена минатиот март од страна на 27-те земји членки да донесат одлука за отворање пристапни преговори. Тоа е насоката напред и ќе продолжиме да одиме во тој правец.

Колку се можни други алтернативи, како Европската економска зона, или можеби се крои друга стратегија за регионот?

– Нема да зборувам за план Б, нема план Б. Целта е пристапување во Европската Унија. Како што веќе споменав, лидерите на Европската Унија доследно ја повторуваат европската перспектива на Западен Балкан. И лично сум многу оптимистичен дека ќе одиме напред. И преку процесот на реформи Северна Македонија ќе стане дел од семејството на Европската Унија.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ