• Latest
Војо Маневски

Гласањето е обврска или хамлетовска дилема?

December 4, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Гласањето е обврска или хамлетовска дилема?

December 4, 2023 13:17
in ИЗБОРИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Изборите се ближат кај нас и таа констатација ми личи како онаа рекламата за Кока Кола – “празници се ближат“.  За некои тоа ќе биде бизнис, за некои да се биде или не, за некои дилема дали да се излезе на гласање, а богами за некои и субјект за игнорирање, незаинтересираност, за други за гадење, па дури и за да простете за изразот, заебанција. До таму дојдовме…

Настрана мајтапењето, во сегашнава состојба, самиот чин на гласање би бил техничка работа, ако негова последица не е избор на личности кои ќе ја водат државата следните четири или пет години. Значи, не се бара од нас само да гласаме, многу поважно е што со тој чин избираме!

Годинава зимата се појави неосетно под зраците на топлата есен и како да ни најави снежни денови. Ајде барем снегот нека ги покрие последиците од нашето секојдневно битисување, но се плашам дека сѐ повеќе остануваат трагови од разни недела на нечовештвото. Ќе ни го зацрнат ли снегот партиите со нивната беспоштедна борба, не зависи само од нив, туку и од нас како граѓани. Тие ќе се обвинуваат, ќе ни ветуваат, а сепак одлуката барем еднаш во неколку години е само во нашите раце како граѓани. Тие ќе си ја вршат својата задача, а ние ќе треба да си ја извршиме својата.

Мудроста се наоѓа и надвор од дефинициите, а потврдата е во секојдневниот живот. Задлабочен во моиве размисли за текстот што е пред вас, ќе направев необичен судир со еден мој “исписник“ кој денот го исполнува со извршување на домашните задачи, ама зачувувајќи го своето право на избор.

“Полека бре новинар, што си виснал муцката, што те мачи, има време до изборите, еее, има да се напишуваш оваа пролет, чувај си го здравјето, ќе ти треба“.

Онака, низ муабет, му кажувам дека сакам да пишувам за граѓанската одговорност за гласање на изборите и избирање на претставници во власта.

„Бре, ама мака имаш, а јас мислев нешто страшно те мачи. Ете, јас добивам список од дома што да купам на пазар. Шетам низ тезгите, го проверувам квалитетот и цените и ако не најдам нивна синергија со мојот џеб не купувам. Нема да носам дома лоша храна, а плус да ми се испразни џебот“.

Си помислив – мудроста секогаш ни е на дофат, ама не секогаш ја гледаме. Мојот исписник донесува оптимални одлуки кои се во негова корист и добро размислува за последиците од нив.

“Е друже мој, не купувам јас бофл. Ако го нема тоа што мене ми треба заминувам од пазарот и си седнувам во кафеанчето карши, си порачувам кафе и домашна, па чекам, нема мене никој да ми продава роба со изминат рок“.

Чекај бе шефе, ти не си купил зеленчук за дома затоа што не си нашол добар квалитет, ама сепак си направил некаков избор. Си избрал да седиш во кафеаната и да уживаш во кафето и ракијата, но си останал во рамките на пазарот, а не си го собрал празното зембилче и си отишол дома. Си можел утрово да не излегуваш од дома, туку ручек ќе биде за денес од компирите во подрумот. Значи ти си направил избор не излегувајќи од рамките на обврските. Ако паднат цените или некој на пазар донесе добри продукти ти ќе ги купиш. Отприлика, како одењето на избирачкото место. Го земаш ливчето и имаш избор да заокружиш некој знак или име, или едноставно да чкртнеш нешто за ливчето да е неважечко, што е повторно само твој избор. Си можел и да останеш дома и да сркаш чорба од старите компири и да дозволиш некој друг да го направи изборот според законот на присутност, а ти ќе бидеш принуден да го прифатиш тоа како твој избор затоа што ти си ја занемарил својата обврска и своето право да избираш, дури и кога не избираш никого конкретно. Ако сакаш, може да толкуваме и како – си имал шанса да влијаеш, ама си решил да не ја искористиш можноста.

Ете за тоа размислувам и јас деновиве. Да ја извршам обврската како одговорен член на заедницава или тој ден да пијам кафе во дворот и да не се мешам во сопствената одговорност. Значи да бидам идиот или да бидам граѓанин. Од друга страна, да се вратам на мојот пријател од почетокот, знам дека и тој е во право. Колку одговорен ќе биде пред семејството, ако дома однесе расипани зарзавати од кои на сите ќе им се лоши, или ќе купи нешто кое не е за употреба, а ќе си ги потроши парите? Кога ќе биде идиот, а кога граѓанин?  (Идиот во стара Елада е човек кој не се вклучува во општествените одлуки, на таков идиот мислам, да не се најде некој навреден).

Ако јас имам такви дилеми, што правиме со над 50% од граѓаните кои не знаат за кого да гласаат и дали воопшто ќе излезат да гласаат. Еј почекајте, нели демократија сме, мнозинството одлучува.

Ако бараме аналогија на политичките процеси со секојдневниот живот, ќе имаме многу примери. Политиката е дел од животот и да бегаме од неа како ѓавол од темјан, таа ќе најде начин како да ни ги крои судбините и на секојдневно ниво. Некој неспособен директор на општинското јавно претпријатие за одржување на улиците нема да закрпи дупка и ќе си ја скршиш колата, чувај Боже од полошо. А токму тој директор е производ на не(и)каква политика.

Одлуката не е ни малку лесна, како на Хамлет дилемата.

Ако гласам, а изборот е слаб, ќе помогнам некој дудук да стане фаца и да го растура и тоа малку кое е поставено едно врз друго од претходниците. Ако не гласам, ќе биде друг дудук. Слично е и ако го поништам ливчето. Поништените ливчиња се израз на незадоволство од понудата, ама не се бројат во изборот.

Сега дилемата не ми е веќе дали да гласам или да не гласам, туку како мојот глас да стане релевантен. Ако е ирелевантен, тогаш ирелевантно е дали ќе гласам.

Кои се тие кои најмногу ќе гласаат, тие кои ќе ги решат изборите? Кои ќе им бидат критериумите? Ќе гласаат заради тоа што веруваат дека гласаат за добар кандидат, или  затоа што тој е дел од “нашето стадо“. Оние другите не чинат дури и кога се подобри од нашите, затоа што не се наши…, опасна логика, нема што! Половина од гласачите од избирачкиот список ќе гласаат, ама нема да избираат. За нив некој друг веќе избрал, а тие не се бунтуваат затоа што се надеваат дека ќе останат (или ќе дојдат) во заветрина под партиска капа. Да се на платен список и да земаат плата, а не да се вработени и да работат. Да се директори за да шефуваат, а не да управуваат. Да бидат поголеми од оние од кои природно се помали. Не, не мислам на височината, разбирате, нели?

Тие ни ја кројат судбината драги мои и ни дотураат вода во живиот песок во кој сѐ побргу тонеме. Тонат и тие со нас, ама не се уште свесни. Не само што тонат, ами во тоа тонење ги бркаат тие што можеби се спасот од потонување.

Затоа, ако не можеш да ИЗБИРАШ, гласањето нема смисла. Исто како кога одиш на пазар, а таму тезгите празни. Статусот ГРАЃАНИН обврзува постојано, а не само на избори. Затоа ми се наметнува следнава дилема…

Можеме ли нешто да направиме на политичкиот пазар да се појават нови производи, па со ќеф да одиме да си го избереме тоа што е најдобро според нашите критериуми, или ќе се предадеме и ќе продолжиме да се гушиме со новата варијанта на Хамлетовска дилема – Да се гласа или да не се гласа, прашање е сега?

Ќе се гласа, ама до кога?


Текстот е личен став на Авторот. 
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ