• Latest
фото: HUMAN RIGHTS WATCH

Гласот на жените има моќ да поттикне промени

March 8, 2024
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Гласот на жените има моќ да поттикне промени

March 8, 2024 08:31
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
фото: HUMAN RIGHTS WATCH

фото: HUMAN RIGHTS WATCH

Share on FacebookShare on Twitter

Секој 8 март, Меѓународниот ден на жената, жените ги преплавуваат улиците во земјите низ светот за да ги одбележат тешко извојуваните победи за правата на жените и да се борат за повеќе. Време е да го славиме напредокот додека ги споделуваме нашите фрустрации за премногу бавниот напредок или дури и за назадување, пишува Human Rights Watch.

.Но, можеме да ја изразиме нашата радост и бес само кога уживаме во слободата на изразување. Без неа, остварувањето други права е речиси невозможно. Кога жените можат слободно да зборуваат, можеме да се залагаме за нашите права на образование, работа, право на глас, учество во политичкиот и јавниот живот, пристап до абортус и многу повеќе. Кога нашите права се прекршени, како што често се, можеме да повикаме на правда.

На овој Меѓународен ден на жената, маршираме за секоја трета жена која ќе доживее физичко или сексуално насилство во својот живот. Навиваме за земји како Аргентина, Колумбија и Ирска кои ја ценат автономијата на жените при изборот дали ќе забременат и да имаат легализиран пристап до безбеден абортус, додека протестираме што абортусот е сè уште или повторно нелегален на многу места, вклучувајќи ги и американските држави како Алабама и Тексас.

Во исто време, маршираме во чест на жените кои маршираа пред нас, како Мексиканките кои го организираа првиот феминистички конгрес во 1916 година за да се заложат за реформи во семејното право и нивното право на глас, како и Нигеријките кои ја водеа својата „Женска војна“ против колонизацијата и патријархалните закони во 1929 година. Нивните борби за жал ја отсликуваат реалноста на многу жени во светот денес – особено жените кои припаѓаат на историски маргинализираните групи – кои продолжуваат да се борат против насилството и злоупотребата.

Плашејќи се од моќта на женската солидарност и колективните акции, владите го задушија говорот на жените преку ограничувања на движењето, цензура, кампањи за оцрнување и кривично гонење. Во многу репресивни контексти, како Авганистан и Иран, жените трпат произволно притворање, па дури и присилни исчезнување и тортура поради нивниот активизам. Во меѓувреме, компаниите за социјални медиуми не направија доволно за да ги заштитат жените од онлајн насилство, ослабувајќи ја слободата на изразување на жените он и оф – лајн.

Овие бариери отежнуваат женската еднаквост да стане реалност. Родовата правда бара охрабрувачка средина во која жените можат да се изразат, да зборуваат и да ги шират своите политички ставови и да учествуваат во политичкиот и јавниот живот. Наместо да ја репресираат или толерираат репресијата врз жените, владите треба да ги препознаат нашите колективни дејствија – и последователната моќ – и да ги зачуваат нашите права во законите, политиките и практиката.

Овој 8 Март, иако имаме што да славиме, имаме уште многу што да бараме. Да го искористиме нашето право да зборуваме и да бидеме слушнати.

Tags: 8 март
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ