• Latest

Генерал Аун: Ќе ги употребиме сите средства против Израел

February 20, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Генерал Аун: Ќе ги употребиме сите средства против Израел

February 20, 2018 08:57
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Либанската армија ќе ги употреби сите расположливи средства за да се спротистави на потенцијалната израелска агресија по која било цена, предупреди командантот на либанските вооружени сили Џозеф Аун.

– Потврдувам дека категорично ги отфрлам повредите на либанскиот суверенитет од страна на израелскиот непријател, како и повредите на светото право на Либан да ги користи сите свои економски ресурси, посочиу генерал Аун на Твитер.

Бенјамин Нетанјаху

Неговата изјава уследи откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред два дена на Минхенската безбедносна конференција најави дека Израел ќе дејствува против Иран и неговите сојузници на Блискиот Исток, на што реагираше либанскиот министер за одбрана Јакуб Сараф.

Сараф истакна дека Либан е подготвен да се брани ако Израел ја нападне либанската територија.

– Израелски дрон ми е над глава во последните 15 години, но мојата земја нема воинствени намери против никого. Сепак ќе се браниме. Ние сме за мир, но нема да трпиме никакви закани и нема да прифатиме никаква агресија, посочи Сараф во неделата на Конференцијата во Минхен.

Неодамна американски дипломати посредуваа помеѓу двете земји откако се зголемија билатреалните тензии поради пограничниот ѕид што го гради Израел и одлуката на Либан да ги истражува енергетските ресурси на својот брег, а во близина на спорните територијални води. 

Антонио Гутереш

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш вчера изрази загриженост поради можноста од директен судир меѓу Израел и Хезболах.

– Длабоко сум загрижен поради тешко предвидливите фактори во целиот регион. Најлош кошмар би бил директен судир меѓу Израел и Хезболах. Нивото на уништување во Либан би било катастрофално, што значи, постои голема загриженост околу таа ситуација, истакна Гутереш, мислејќи на бројните паравоени групи од Сирија кои се приближуваат кон границата со Израел.

Хезболах е формиран во 80-те години од минатиот век како движење на отпорот против израелската окупација на јужен Либан, но од 2006 година меѓу нив немало голем судир.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ИзраелЛибан
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result