• Latest

Ѓоргиевска: Ниту Ковид-19, ниту било што друго не смее да не поколеба и понатаму да останеме активни граѓани

October 17, 2020
Фото: ЦУК

ЦУК: Активни седум пожари, два локализирани, ЦУК регистрирал вкупно 31 пожар на отворен простор

July 9, 2025
Фото: МИА

Предлогот за интерпелација за претседателот на Уставниот суд, денеска пред пратениците

July 9, 2025

Европскиот парламент денеска ќе гласа за Извештајот на Вајц за Северна Македонија

July 9, 2025

Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите

July 9, 2025

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ѓоргиевска: Ниту Ковид-19, ниту било што друго не смее да не поколеба и понатаму да останеме активни граѓани

October 17, 2020 16:57
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на отворањето на третото издание на фестивалот „Ден на граѓанските организации“  организиран од програмата на Швајцарската амбасада за поддршка на граѓанското општество, Цивика мобилитас, а е спроведуван од НИРАС од Данска и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

На отворањето на фестивалот чијшто покровител е сопругата на претседателот, во своето обраќање пред присутните во градскиот парк, г-а Ѓоргиевска истакна дека граѓанските организации имаат значајна улога за нашето општество бидејќи благодарение на нив се покриваат проблематики коишто би се комплетирале заедно со институциите за да може ефективно и целисходно да се решат одредени проблеми.

На фестивалот учествуваат околу 80 здруженија од кои дваесетина имаат креативни работилници и дебати за посетителите, како има и активности од видот на хуманитарни акции, едукација и заштита на животната средина, арт терапија за деца со попреченост, прва помош и тестирање за ХИВ, уметнички работилници и други активности.

„На почетокот би сакала да го изразам своето големо задоволство што ја имам честа денес да бидам покровител на фестивалот на Цивика мобилитас „Ден на граѓанските организации“. Станува збор за еден навистина несекојдневен, необичен и оригинален настан кој обединува голем број на граѓански организации од различни области на дејствување и на таков начин претставува извонредна можност јавноста да се запознае со дејствувањето на многу од нив. Еве, јас сега иако сум дел од тие граѓански организации, се запознав со многу коишто досега ги немав видено, така што претставува исклучително добра можност да се информираме за нешто што досега не сме биле во тек. Не можам, а да не се заблагодарам на сите кои стојат позади програмата Цивика мобилитас, односно пред сè на Швајцарската агенција за развој и соработка која претставува финансиер и организациите коишто се одговорни за нејзиното имплементирање, МЦМС и секако, партнерите од Данска и Шведска.

Со оглед дека голем дел од моите активности во последната година ипол откако мојот сопруг е претседател на Република Северна Македонија, се поврзани со граѓанскиот сектор и граѓанските иницијативи посебно во областа на здравството, областа на едукацијата и особено кај лицата со попречености, ќе си дозволам да посведочам и уште еднаш да потенцирам колку е важна улогата на овие организации во едно општество. Сметам дека, благодарение на нив се покриваат проблематики коишто би се комплетирале заедно со институциите за да може ефективно и целисходно да се решат одредени проблеми. Особено се важни во областа на едукацијата на граѓаните, поттикнување на  нивната проактивност, промоција на  волонтерството за коешто сметам дека е исклучително важно да се промовира во македонското општество и се залага уште од првите денови тоа сè повеќе и повеќе да се работи давајќи личен пример какао волонтер на Црвениот крст, волонтирајќи во Институтот за јавно здравје и во други организации.

Речиси целава оваа година сме обременети со заканата од КОВИД 19. Тој го измени светот и го моделираше нашето секојдневие, нè оддалечува од нашите блиски и нè прави поранливи и покревки. Како доктор сум дел од професија којашто за жал, го поднесе најголемиот товар на пандемијата. Дел од моите колеги секојдневно се на првите удари на пандемијата и, морам да го спомнам, пред некој ден нашиот колега што загина и којшто беше дел од Ковид единиците во Инфективната клиника и на Клиниката за пулмологија. Сите сме сведоци на згаснување на животи, на губење на нашите блиски. Морам да потенцирам колку е важно учеството на граѓанските организации во справувањето со последиците од пандемијата преку нивните активности и проекти. Во тој контекст ја поздравувам одлуката дел од грантовите на Цивика мобилитас да бидат наменети за активности на граѓанските организации за справување со последиците од Ковид-19.  Верувам дека ниту пандемијата на Ковид 19, ниту било што друго не смее да не поколеба и понатаму да останеме активни граѓани, да учествуваме во граѓанските иницијативи, да бидеме членови на невладините организации и да волонтираме.  Нашето слободно време е секако нешто што можеме да го даруваме и да го исполниме со активности кои ќе бидат од полза за општеството.

Верувам дека со нашиот проактивен став можеме да придонесеме пред сè на локално ниво, но и на ниво на општеството. Уште еднаш ве охрабрувам да се вклучите во активностите, во проектите, сами да иницирате содржини и да предлагате програми. И како што во една прилика неодамна реков, има уште многу што да се стори, меѓутоа само заедно можеме да направиме промени коишто ќе ги подобрат нашите животи, но и ќе го подигнат квалитетот на животот во целото општество“, изјави Ѓоргиевска.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ