Голем број европски земји им дозволија на своите граѓани да војуваат како волонтери на страната на Украина против рускиот агресор. За таа цел тие го менуваат своето домашно законодавство за да им го овозможат тоа.
Во Чешка, на пример, за воена служба во вооружените сили на друга земја, според сегашниот чешки закон, граѓаните се соочуваат со затворска казна до пет години. Сега, чешките доброволци кои ќе одат во Украина да војуваат против руските окупатори нема да се соочат со кривично гонење во нивната земја, соопшти чешкиот премиер Петр Фиала.
„На состанокот со господинот претседател (Милош Земан – уред.) се согласивме дека за луѓето кои сакаат да одат во Украина и да војуваат на страната на Украина, можеме да гарантираме ослободување од казна“, рече Фиала.
Дозволите за доброволно учество во војната на страната на Украина против руските агресори, досега официјално беа одобрени во Обединетото Кралство, Полска, Латвија, Израел, Данска и Хрватска, а отсега и во Чешка. Учеството во војната на страната на Украинците за сите доброволци нема да се смета за кривично дело.
За странците кои имаат желба да се приклучат кон Меѓународната легија за одбрана за влез во Украина важи безвизен режим, почнувајќи од 1 март. При тоа, илјадници странски доброволци пристигнаа воУкраина уште порано, за да се приклучат во борбата против руските окупаторски сили.
Д.М.