Од вкупно 1.640 запишани гласачи во казнено поправните домови, до 19 часот кога се затворија гласачките кутии, своето право на глас го користиле 74,13%, од гласачите во оваа категорија, според Љупка Гугучевска, портпаролка на ДИК. Освен нив, в сабота гласаа и 7-те лица во единствениот центар за внатрешно раселени, болните и немоќните, како и лицата во куќен притвор. За прв пат на овие избори, во сабота се гласаше и во два старечки дома во Скопје каде интересот бил многу висок.
„На овие претседателски избори, првпат гласаа гласачи во два старечки дома во Скопје, а од 71 гласач, правото на глас го остварија 65, односно 91,54%. Во своите домови, гласачкото право го остваруваат 4.407 граѓани кои се пријавиле како болни и немоќни и 12 кои се пријавиле како лица во куќен притвор“, изјави Гугучевска од ДИК.
До моментот на објавување на оваа информација, во ЦИВИЛ не се пријавени нерегуларности.
Арбен Зеќири