Јасмина Ѓорѓиева од Државниот завод за статистика, на денешната прес-конференција уште еднаш потврди дека пописот се одвива според планираното:
Апелирам до граѓаните да се самопопишат, тоа е едноставна процедура и брзо се завршува. Податоците што се даваат се безбедни, максимално заштитени и ќе се користат само за статистички цели. Дополнителниот конкурс за попишувачи заврши во саботата и се пријавија над 2600 попишувачи, некаде 800 повеќе од потребното. Во следните денови продолжува дистрибуцијата на материјалите потребни за работа на комисијата за пописните и обуките на реонските инструктори. Се оди по планот и нема одложување на никакви процедури.