• Latest

Ѓоргиевски: 43 проценти од буџетот на новата Еразмус програма ќе биде наменет за високо образование

December 23, 2020
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ѓоргиевски: 43 проценти од буџетот на новата Еразмус програма ќе биде наменет за високо образование

December 23, 2020 13:53
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Како да се зборува со младите генерации“ е насловот на конференцијата што денеска се одржува во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

На конференцијата воведно обраќање имаше в.д. директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Марко Ѓоргиевски кој посочи дека се во исчекување на Еразмус чаптерите за новата програма.

– Вчера доцна ги добивме информациите и начелно се позитивни со тоа што сите високообразовни институции ќе добијат известување и од Европската комисија и од нас како Национална агенција. Сакам да го поздравам политичкиот договор на ниво на Европската комисија за новата програма 2021-2027  година кој изнесува 28 милијарди евра, со тоа што тоа е рекорден износ, а со тоа ќе имаме и ние придобивки, рече Ѓоргиевски.

Тој соопшти дека од вкупно 26 високообразовни институции во нашата држава, 24 активно учествуваат во програмата Еразмус плус во делот на високо образование.

Буџетите за високо образование од 2014 до 2019 година, како што информира, се зголемени за 150 проценти. Во 2014 година буџетот изнесувал 970 илјади евра, а за 2020 година тој ќе изнесува 2,4 милиони евра, што според Ѓоргиевски претставува огромен пораст.

Влезните мобилности во нашата држава, како што додаде, се поголеми во однос на излезните што значи дека нашите универзитетити покажуваат дека имаат капацитет за да можат да доаѓаат странски студенти, меѓутоа и наставен кадар.

– Согласно статистиките со кои располага Националната агенција вкупно се реализирани 2534 влезни мобилности, најмногу влезни мобилности се реализирани од наставниот административен кадар, околу 1424, наспроти 930 влезни мобилности од страна на студентите, додека од друга страна може да го нотираме зголемувањето на излезни мобилности кои во 2014 изнесувале само 198, додека во 2019 тоа изнесува над 500, а во поновата 2020/21 изнесуваат околу 800 излезни мобилности што претставува 400 проценти раст од 2014 година, рече Ѓоргиевски.

Важен сегмент, додаде тој, е дека 43 проценти од вкупниот буџет на новата Еразмус програмата ќе биде наменет за високо образование.

– Согласно програмата што следи 2021 – 2027 година очекуваме двојно зголемување на буџетите, рече тој.

Во перидот што следи, посочи, акцентот на програмата ќе се однесува на дигитализација, зелена агенда, соработка со држави, функционирање на европската студентска картичка, вклучување на лица со посебни потреби…

– Како национална агенција ќе се водиме согласно приоритетите на програмата, при што очекуваме целосна вклученост и на високообразовните институции во насока на успешно реализирање на зацртаните цели за периодот 2021-2027 година, посочи Ѓоргиевски.

Додаде оти следува период на интензивни активности на зголемување на заедничката соработка и унапредување на програмите за мобилност во високо образовните институции.

На конференцијата се презентираше официјалното потпишување на договорите за грантови со високообразовни институции и унапредување на капацитетите и предизвиците на новата Еразмус+ стратегија 2021-2027.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ