• Latest

Град Скопје ќе ги следи препораките на државниот кризен штаб за да го намали загадувањето

May 16, 2020

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Град Скопје ќе ги следи препораките на државниот кризен штаб за да го намали загадувањето

May 16, 2020 11:29
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Започна намалувањето на вонредните мерки со кои се ограничи движењето на граѓаните, кои беа воведени со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.

Со забавување на човековите активности што и штетат на Земјата се намали загадувањето. Тоа го покажуваат и последните податоци за намалувањето на присуството на ПМ-2,5, ПМ-10 честичките и азотниот двооксид во скопскиот воздух во текот на април 2020 година. Имено, намалената фрекфенција на скопските улици довела токму и до намалување на овие честички.

Но, дали и какви активности ќе преземат властите да не дојде до повторното зголемено загадување. Од Град Скопје за „Мета.мк“ велат дека јавниот превоз се организира согласно препораките на насоките од државниот кризен штаб, а како што ќе се менуваат состојбите на терен и препораките од надлежните институции, така ќе се адаптира и возниот ред и делувањето на учесниците во јавниот превоз во Скопје.

Оттаму потсетуваат дека во наредниот период треба да пристигнат 33 нови еколошки автобуси за потребите на ЈСП-Скопје, како и за субвенциите за граѓаните за набавка на велосипеди и електрични тротинети.

Градските власти го потенцираат подобрувањето на условите за користење на велосипед преку инвестирање во реконструкција на постоечката и изградба на нова вело инфраструктура, и како што велат, градот отсекогаш го промовирал велосипедизмот како алтернативно сообраќајно средство.

„Овие неколку години изградени се велосипедски патеки на локации каде тоа се прави на сметка на автомобилскиот сообраќај, каде истата се изведува на самите коловозни ленти и истите се ограничени со столпчиња, а тоа досега е изведено на бул. Свети Климент Охридски, бул. Кочо Рацин, Московска… и оваа пракса ќе продолжи на сите локации каде ќе се појави потреба и условите ќе го дозволат тоа“ – уверуваат од Град Скопје.

Следејќи ги европските и светските примери, пред еден месец, неформалните здруженија „НаТочак“ и „Одржливи иницијативи“ испратија отворено писмо до државните институции од кои бараат надлежните да постапат по нивните барања во однос на иницијативата #АнтиПросторКорона. Тие бараат да им се отстапи повеќе простор на пешаците и велосипедистите, посочувајќи на фактот дека немоторизираното движење придонесува за намалување на загадениот воздух.

Досега, неформалните здруженија како што велат, се во комуникација со Општина Бутел, Центар и Карпош. Надлежните оттаму генерално искажуваат поддршка кон нивната иницијатива, но сакаат координиран пристап во адресирање на потребите кои ги бара „новото нормално“ со коронавирусот.

– За жал, засега од Град Скопје немаме добиено одговор, ниту ни вратиле на нашето барање за видео средба. Од Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус Ковид-19 при Владата само нѐ информираа дека го препратиле до други јавни институции, од кои засега одговор има само од Министерството за животна средина и просторно планирање, додека се чека на одговор од Министерство за здравство, Министерство за транспорт и врски и од Град Скопје – изјавија од „НаТочак“ и „Одржливи иницијативи“ за „Мета.мк“.

Од Град Скопје со кус одговор по однос на прашањето на „Мета.мк“, дали воопшто е разгледана иницијативата и кои мерки ќе ги преземе градот.

– Градот Скопје ги анализира добиените предлози од иницијативата, кои решенија се прифатливи, како и кои можат да се реализираат на терен – изјавија од Град Скопје.

Досега, неколку европски и светски метрополи го променија уличниот простор за автомобили, со цел да овозможи повеќе простор за велосипедизам и прошетки.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Хаотично заебавање

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ