• Latest

Градината е подобра од пустината

July 13, 2018

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Градината е подобра од пустината

July 13, 2018 08:06
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

По падот на берлинскиот ѕид започна процесот на глобализацијата и технолошкиот развој што предизвика тектонско поместување со кое светот е претворен во глобално село. Во тоа глобално село развиените држави се претставени како градина  исполнета со слобода, висок квалитет на животот, високи финансиски примања, многу слободни работни места, квалитетно образование, беспрекорно здравство и заштита на човековите права.  Секој поединец има можност за професионален развој без разлика на вера, националност и политичка припадност. На другиот крај од глобалното село останаа државите во транзиција. Тие што брзо се прилагодија веќе се во градината. Кај тие пак што  транзицијата  трае подолго, институциите се инфицираат со што се оддалечуваат од градината.

Пишува: Велин Стојановски

Граѓаните во државите што се долго во транзиција соочени со инфицирани институции, селективна правда, недостатокот на работни места, нискиот животен стандард, а во услови на глобален пристап до информации за животот во градината одлучуваат да заминат од родната грутка и да се придружат на тие во градината.

За жал, Република Македонија е во групата на држави каде што транзицијата трае предолго и никој не знае уште колку ќе трае. Во предизборниот период сите ветуваат дека токму тие ќе нѐ внесат во градината, но по изборот брзо ги забораваат ветувањата, а институциите си ги присвојуваат за нив и нивните блиски. Во такви околности институциите не функционираат, а законите не се применуваат. Тие во градината го практикуваат токму спротивното: функционални и некорумпирани институции, почитување на законите, еднаква примена на правдата за сите и секако култура на однесување. Таму институциите работат за граѓаните, кај нас против граѓаните. Се обраќате до владина институција како што е Министерството за одбрана, оттаму ве упатуваат да се жалите до комисија во Владата, а тие се изјаснуваат како ненадлежни и намерно ве упатуваат да се обратите до суд кој не е надлежен да донесе одлука. Сѐ така во круг, додека не се откажете од барањето или не ги спакувате куферите и со горчина во душата и билет во еден правец си заминете од татковината во правец на градината.

Со предолгата транзиција, Република Македонија си дозволува преголем луксуз и губи непроценливи кадри. Од државата заминуваат способни и образовани кадри кои брзо се снаоѓаат во градината. Со нив заминуваат нивните семејства, а потоа роднините, комшиите и пријателите.  Секој од нив со себе ја носи приказната и тајната за своето заминување, а експертите сметаат дека основна причина е неперспективноста на нашето општество и желбата за подобар живот.

Надлежните ја немаат или не сакаaт да ја објават точната бројка на иселени лица, но податоците за драстично намалениот број на ученици во основното и средно образование недвосмислено покажуваат дека таа бројка е загрижувачка. На почетокот на секоја нова школска година бројот на ученици се намалува за четирицифрена бројка, а не е мал бројот на ученици што во текот на школската година се испишуваат и заминуваат со своите родители. Многу училишта во кои некогаш учеле повеќе од 100 ученици сега се со 5 до 10 или со клуч на портите.

Интересен е податокот на Американската централна разузнавачка агенција (ЦИА) за населението според годините на старост. Така, според ЦИА, во Република Македонија помлади од 24 години се 30,58% од населението, а светскиот просек е дури 41,6%, помеѓу 25 и 64 години тој просек кај нас е 56,01% наспроти 49,72 во светски рамки и постари од 65 години во Р. Македонија се 13,41%, а на глобално рамниште тој просек е 8,68% од вкупното население. Од наведените податоци може да се заклучи дека во блиска иднина државата ќе се соочи со сериозен проблем на недостаток на работно способно население.

Со еден клик во глобалното информатичко село овозможен е пристап до податоци за потребната работна сила во градината, да се воспостави контакт и да се добие посакуваното работно место. Така, од државата заминуваат инженери, лекари, медицински сестри, возачи и занаетчии. Заминуваат од сите структури освен судиите, адвокатите, извршителите и нотарите, тие што најмногу ја инфицираа транзицијата,  а требаше да ги створат условите и ние да бидеме дел од градината.

Што повеќе иселени лица, поголема е празнината. Од голема празнина настанува пустината. Сите знаеме дека во пустините се прават големи експерименти. Колку е поголема пустината, поголеми експерименти се прават од секаков вид, вклучувајќи и безбедносни. Не би сакал експериментот да биде пополнување на настанатата празнина и пустина со мигранти. И тоа не било кои туку мигранти кои по било кој основ нема да бидат примени во градината. Дали тој експеримент ќе го направи државата или приватна компанија финансирана од владите од градината најмалку е важно. Еден ден, само ќе ни кажат – ние примивме толку и толку граѓани од вашата држава сега вие прифатете само 5 проценти од таа бројка. Е, тоа ќе биде премногу за Република Македонија, дури тогаш ќе дознаеме колку лица се иселиле и колкава празнина оставиле.

Share42TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ