• Latest

Граѓаните на Македонија не реагираат на ништо лошо

July 24, 2019

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА БЛИЦ

Граѓаните на Македонија не реагираат на ништо лошо

Со јавно атакување на правниот систем, со ставање под партиска капа на една од владејачките партии, како и парламент кој ги подржува и ги гласа ваквите предлози и ваквите погубни политики за правниот систем, се манифестира ароганција кон граѓаните и со таквото однесување ја закопуваат и последната надеж кај граѓаните и претставува вовед во тоталитарно владеење, барем на еден дел од населението, ако не и на целата земја!

July 24, 2019 10:33
in БЛИЦ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: АЗБИ НУРЕДИНИ

Во држава во која едната од владејачките партии, за заменик државен обвинител и за судии во сите судови, избира свој партиски кадар, меѓу кои се и еден бивш министер и директори на јавни претпријатија, прва жртва е правната држава, а сите граѓани кои не се со книшка од таа партија се третираат како добиток од таквите судии и обвинители!

Доказ за ова се низата изречени пресуди за многу монтирани процеси на невини граѓани во државата пример Сопот, Кежаровски, Монструм, Шпион и други.

Ова се јасни показатели дека правната држава е измислена именка за партијата која применува ваков принцип, како што постапува ДУИ, но и за сите други партии кои во минатото или сега постапуваат на ист начин.

Со ваквото јавно атакување на правниот систем, со ставање под партиска капа на една од владејачките партии, како и парламент кој ги подржува и ги гласа ваквите предлози и ваквите погубни политики за правниот систем, се манифестира ароганција кон граѓаните и со таквото однесување ја закопуваат и последната надеж кај граѓаните и претставува вовед во тоталитарно владеење, барем на еден дел од населението, ако не и на целата земја!

Зачудува фактот како тивко, без никаква реакција, никаков отпор од никого, од ниедно невладино здружение, не се реагира и минуваат ваквите погубни политики кои се во директна спротивност со моралните вредности на едно демократско општество, и се директна закана по Уставот, законите и слободата на граѓаните.

Ваквите постапки од коалициониот партнер во власта, претставуваат јавно изразена намера за селективност во нивното владеење, немање на еднаквост и правичност за сите граѓани при спроведување на Уставот и законите на државата.

Единствен излез од ваквиот „модерен тоталитаризам“ е делување координирано на невладините организации, ако ги има?!

Граѓанскиот сектор, дали е жив?! Студентските организации на Тетовскиот универзитет, ЈИЕ и Мајка Тереза, ако не се под контрола на владејачката партија?! Бизнис заедницата ако не е под чизмата или во џебот на режимот на ДУИ?!

Време е, во координација и со помош од меѓународната заедница, да се донесе закон со кој дополнително ќе се регулира изборот на судии, обвинители и државни службеници со кои јасно ќе се каже дека:

Избран или именуван функционер, еднаш, макар тоа било и еден ден, на било која државна функција, НЕ МОЖЕ во следните 12 години да биде избран за судија во ниеден од судовите на РСМ, не може да биде вработен во државна администрација, не може да биде работи во образовна установа, нити да биде избран во образовна установа следните 12 години.

После усвојувањето на еден ваков закон, ќе биде оневозможено овие политичари што „толку многу го сакаат“ народот и државата, да ги злоупотребуваат функциите и да ѝ служат на партијата, наместо на јавниот интерес.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.


Ние, како издавач, сме одговорни за нашата сопствена содржина на нашата веб-страница согласно законот. Меѓутоа, постојат делови од оваа веб-страница што се одговорност само на авторите или на оние кои ги дале изјавите и интервјуата. Ова особено се однесува на делот МИСЛА, како и на изјави и интервјуа во други делови на веб-страницата. ЦИВИЛ не презема одговорност за лични мислења и информации обезбедени од надворешни извори.

Наодите, мислењата и другите онлајн содржини објавени од страна на ЦИВИЛ, односно Редакцијата ЦИВИЛ Медиа не мора да значи дека ги одразуваат оние на донаторите или спонзорите на ЦИВИЛ и на нејзината медиумска платформа.

Ние не сме обврзани да следиме информации од трети лица што се објавени или складирани на нашата веб-страница или на други онлајн канали.

Откако ќе дознаеме за конкретно прекршување на законот, веднаш ќе постапиме кон отстранување на содржината која е во прашање.


 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ