Секој петок, во утринските часови граѓанките и граѓаните го препознаваат слободниот простор на ЦивилМедиа, и без задршки имаат можност преку коментари да испратат пораки, искуства но и критики до властите, институциите, политичарите, а според досегашните одговори, тие тоа го прават на јасно артикулиран начин, со директни пораки и сугестии.
Целта на петочниот Граѓански форум на ЦИВИЛ е да им се обезбеди на граѓанките и граѓаните безбеден и слободен простор ( каков што впрочем со години е ЦИВИЛ) во кој тие ги изразуваат своите грижи, споделуваат искуства и им порачуваат на властите каде можат да се поправат, каде им се грешките, да прашаат за решенија на евентуални горливи проблеми, а во исто време тие пораки и сугестии да бидат јавни, и неподложни на цензура или прикривање.
ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ( ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ): Што сакате да им порачате на властите?
Што им порачаа овој пат граѓаните на властите
„Да си одат, да си заминат што побргу и да не ги лажат граѓаните“, се едногласните пораки од граѓаните, на петочниот граѓански форум на ЦивилМедиа.
Пораките прочитајте ги на следниот линк:
Редакцијата на ЦивилМедиа е отворена за граѓанките и граѓаните не само во петок, туку и секој ден од неделата, да споделат свои пораки, прашања, грижи и искуства, било во коментари или во пораки, и им заблагодарува за довербата, отвореноста и директниот настап. Ве очекуваме секој ден, а во специјализиран простор – секој петок во Граѓанскиот форум.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Подготви: Д. Т.