И минатиот петок, на граѓанскиот форум на ЦИВИЛ, граѓаните изразија незадоволства од политиките и делата на актуeлната власт. Главните пораки до властите се идентични за секој петочен форум – ДА СИ ЗАМИНАТ.
Целта на петочниот Граѓански форум на ЦИВИЛ е да им се обезбеди на граѓанките и граѓаните безбеден и слободен простор ( каков што впрочем со години е ЦИВИЛ) во кој тие ги изразуваат своите грижи, споделуваат искуства и им порачуваат на властите каде можат да се поправат, каде им се грешките, да прашаат за решенија на евентуални горливи проблеми, а во исто време тие пораки и сугестии да бидат јавни, и неподложни на цензура или прикривање.
ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ( ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ): Што сакате да им порачате на властите?
Што им порачаа граѓаните на властите:
- Да си одат, оти сотреа се, испокрадоа за девет животи
- Ќе им стигне пораката во октомври
- Да си заминат, доста крадеа
Ова се дел од пораките на граѓаните, кои може да ги проследите на следниот линк:
Редакцијата на ЦивилМедиа е отворена за граѓанките и граѓаните не само во петок, туку и секој ден од неделата, да споделат свои пораки, прашања, грижи и искуства, било во коментари или во пораки, и им заблагодарува за довербата, отвореноста и директниот настап. Ве очекуваме секој ден, а во специјализиран простор – секој петок во Граѓанскиот форум.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Подготви: Д. Т.