Под паролата Системот е следен! на повик на иницијативата „Кој е следен?“, голем број граѓани се собраа на плоштадот Македонија во Скопје за да го искажуваат својот револт и да бараат правда и одговорност за трагедијата во Кочани.
Од Плоштадот започна маршот по претходно објавената рута, додека граѓаните ги извикуваа барањата: „Правада за жртвите“, „Бараме безбедност“, „Одговирност“, „Системски промени“.
Оттаму истакаа дека „Koj е следен?” е изрично против секаков вид на насилство и провокации и се оградува од било каков повик, скандиранье (говор на омраза) или однесуванье кое има за цел да го наруши јавниот ред и мир.

Од плоштад Македонија грашаните се упатија кон Собранието преку Триумфалната капија кон Жена-парк спроти Собранието и Градската болница, каде со 5-минутен аплауз ги поздравија здравствените работници.
Маршот продолува кон Владата, каде ќе има шестнаесетминутен молк, а потоа ќе следат говори од членовите од Иницијативата „Кој е следен?“.
Фото: Фронтлајн