Десет мрежи на здруженија на граѓанипред Собранието на РСМ одржаа прес конференција на која повикаа на итен избор и именување на кадар во повеќе институции и тела од страна на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Граѓанските здруженија преку писмо до пратениците побараа неодложно да ги завршат постапките за избор и именување на членови на Комисија за заштита од дискриминација, директори на Дирекцијата за заштита на лични податоци, на Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен каратктер, на Државниот завод за ревизија. Бараат да се избере и Програмски совет на МРТ, членови на советот на АВМУ, тројца членови на Судскиот совет, како и членови во Комисијата за доделување на државната награда „Мето Јовановски”.