• Latest

Границите се отвораат од денеска без обврска за тест и карантин

June 26, 2020
Скриншот од снимка на која севернокорејските војници наводно помагаат во директен оган врз Украина, 16 октомври. Фото:Генерал штаб на Украина

Ажурирани  вести од војната во Украина: Севернокорејски војници ја гранатираат Сумската област, деокупирани 180 квадратни километри во Покровск, украински дронови погодија руска рафинерија во Саратовската област

October 16, 2025
Мирослав Јовановиќ (Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Дали демократијата ја исцрпи својата суштина?

October 16, 2025
Политичкиот аналитичар Бесим Небиу на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Небиу: Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем – тоа е трошок

October 16, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Границите се отвораат од денеска без обврска за тест и карантин

June 26, 2020 09:38
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Владата во вторникот донесе одлука од денеска целосно да се отворат сите гранични премини во државата, со што македонските државјани и странците ќе можат непречено да се движат без обврска за ПЦР-тест и државен карантин.Од 1 јули ќе бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Останува обврската за почитување на препораките за носење лична заштитна опрема, држење дистанца и честа дезинфекција.

Со одлуката за целосно отворање на границите на земјава македонските државјани ќе можат слободно да патуваат вон границите без обврска за негативен ПЦР-тест за коронавирус и задолжителен 14-дневен карантин при враќање во земјава. Сепак, со иклучок на Србија, Албанија, Косово и Турција, оваа обврска останува за влез во некои земји во регионот и во ЕУ-членките. За патување во земјите членки на ЕУ важат насокоите дадени од ЕК за отворање на границите од 1 јули, годинава. Оваа одлука  членките на Унијата деновиве треба повторно да ја разгледаат  поради растот на бројот на заболени од коронавирусот во земјите во регионов.

Грција, според најавите на  властите во Атина, засега останува на основниот план за отворање на границите на 1 јули, но и со укажување дека тоа е „план што континуирано се ажурира и во соработка со европските власти“.

Словенија и Хрватска, пак, најавија можност за заострување на граничниот режим и повторно враќање на обврската за двонеделен карантин за лицата кои доаѓаат од Србија, БиХ, Црна Гора, Албанија, Северна Македонија и од Косово, имајќи ја предвид епидемиолошката слика во овие земји. Бугарија, пак, ја продолжи вонредната состојба во земјата до 15 јули поради новиот бран заразени со коронавирусот.

Во пресрет на отворањето на границите, на барање на Главниот координативен кризен штаб,  Државниот санитарен и здравствен инспекторат синоќа донесе одлука со која се поништуваат сите дејствија по решенијата за периодот од 13 до 25 јуни годинава за лицата под здравствен надзор и домашна изолација и лицата во државен карантин кои влегле во Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест на КОВИД-19 .

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ