• Latest

Грчката влада со нови мерки за зголемениот бран бегалци и мигранти и со построг закон за доделување азил

September 30, 2019
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Грчката влада со нови мерки за зголемениот бран бегалци и мигранти и со построг закон за доделување азил

September 30, 2019 16:58
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Зајакнато чување на границите со зголемени патроли, префрлање на бегалци и мигранти од островите во други делови на земјата, поголем број враќања, интернационализација на проблемот, како и забрзување на процесот за доделување азил, но со построги услови, се одлуките донесени на денешната седница на грчката влада во врска со проблемот што е „веќе мигрантски, а не бегалски“, согласно соопштението од заменикот министер под премиерот и владин портпарол Стелиос Пецас, jави дописничката на МИА од Атина.

На неколкучасовната седница во премиерската палата, опширно биле разгледани последните случувања поврзани со бранот бегалци и мигранти во Грција, но и нацрт законот за одобрување азил во земјата.

-Врз основа на анализата на статистичките податоци за националноста на оние кои влегуваат во земјата, заедничко убедување е дека веќе станува збор за мигрантски проблем, а не бегалски, соопштува Пецас.

Владата донела одлука дека за справувањето со конкретниот проблем, потребна е комбинација од неколку мерки, меѓу кои:

-засилено чување на границите, особено со зголемени патроли во морето;

-изградба на затворени центри за оние кои нелегално влегле во земјата и немаат право на азил или нивното барање е одбиено;

– зголемување на враќањата назад од 1.806 за четири и пол години за време на претходната влада на СИРИЗА, на 10 000 до крајот на 2020 година;

– составување список на „безбедна земја“, така што таму веднаш да се враќаат оние кои нелегално влегле во Грција;

– продолжување со префрлувањето бегалци и мигранти од островите во источниот дел на Егејското Mоре во внатрешноста на земјата;

– интернационализирање на проблемот.

Министерот за цивилна заштита на Грција, Михалос Хрисохоидис, го претставил нацрт законот за доделување азил, според кој процедурата ќе се забрза, но ќе биде и построга.

Целта на законот, како пто соопштува портпаролот на грчката влада е да развие нов, компактен, ригорозен, праведен систем на азил, да постави јасни и прецизни правила и да ги елиминира последиците претходната легислатива што доведе до неодреден број странци кои властите не можат да ги пронајдат, а според тоа не можат да се вратат во земјите на потекло.

Од друга страна, основните принципи на предлог законот, според Пецас, се целосно почитување на правата на барателите на азил, предвидени согласно европското право, барателите да соработуваат со властите; вклучување во системот за азил само на оние баратели кои имаат профил на бегалци и задржување во системот само на оние што ги исполнуваат нивните обврски .

Целта на предложените одредби е процедурите да завршуваат во рок од три месеци./МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ