• Latest

Грчки медиуми ја анализираат поврзаноста на предвремените избори со Договорот од Преспа

October 21, 2019
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Грчки медиуми ја анализираат поврзаноста на предвремените избори со Договорот од Преспа

October 21, 2019 11:56
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Предвремените парламентарни избори кај нас, грчките медиуми, директно ги поврзуваат со иднината на Договорот од Преспа и пренесуваат „загриженост на Атина, за случувањата во Скопје“.

„Избори во Северна Македонија: „Сите сценарија за следниот ден“,„Облаци над Договорот од Преспа“, „Предвремени избори во Скопје: што важи за Договорот од Преспа и грчката загриженост“, „Северна Македонија: Што ќе се случи со Договорот од Преспа?“, „Северна Македонија во предизборна треска“, „Во опасност Договорот од Преспа по ветото од на Макрон и ставот на ЕУ“, „Северна Македонија: На 12 април предвремени избори“, се дел од насловите во грчките медиуми за последните случувања кај нас, а новинарите во Грција известуваат за синоќешната лидерска средба и објавениот датум за предвремени парламентарни избори, со акцентот ставен на сценаријата за иднината на Договорот од Преспа, jави дописничката на МИА од Атина.

Иако грчката влада официјално не зазема позиција и не ги коментира внатрешно политичките случувања во соседната земја, како што изјави и самиот Мицотакис на прес конференцијата во Брисел во петокот, кога рече дека тоа е внатрешно прашање, сепак новинарите во Грција анализираат дека кај Атина постои загриженост за разврската кај нас и пишуваат за тоа какво влијание врз земјата би имале предвремените избори во Северна Македонија.

Мнозинството од коментарите на новинарите во Грција се поврзани со сценариото на власт да дојде ВМРО-ДПМНЕ и ставот што партијата го има во однос на Договорот од Преспа.

– Високи европски извори, но и кругови од грчката влада оценуваат дека доколку ВМРО победи на изборите, нема да го поништи Договорот од Преспа, но многу ќе го отежне неговото спроведување и точките на несогласување со Атина ќе се интензивираат. Уште повеќе, ако новата влада се чини дека нема да продолжи со клучните точки од договорот кои беа под преговори, како што се учебници и трговските ознаки. Јасно е дека до изборите на 12 април нема да има простор за преговори со владата на Северна Македонија – која од почетокот на годината ќе биде техничка- додека пак Договорот од Преспа ќе биде вклучен во конфронтациите во предизборната кампања на соседната земја, пишува информативниот портал „Њуз247“.

– Во случај националистичкото ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски да ги добијат изборите, веројатно е да имаме пресврти во Договорот од Преспа. Иако не може да се поништи, сепак може да се доведе во прашање. Атина внимателно, но не и во паника ги следи случувањата. Не посакува враќање на националистичката реторика што би ја одбележало победата на ВМРО. Покрај тоа, потенцијалните проблеми на внатрешна кохезија во соседната земја се непожелни, пишува „Прото тема“.

Анализирајќи ги можните последици за Атина, онлајн изданието на весникот „То вима“, пишува дека се очекува да се отвори голема дискусија во Грција, меѓу владата и опозициската СИРИЗА во однос на Договорот од Преспа, но и дека грчката влада ја загрижува „опасноста од преземањето на власта од националистичкото ВМРО“.

– Веројатноста да има политичка промена во С. Македонија ќе предизвика пресврт во Договорот од Преспа. Иако договорот не може да биде поништен, како што истакнуваат аналитичарите, сепак може да биде доведен во прашање од една, на пример, националистичка влада. Аналитичарите посочуваат дека во таков случај, аспектите на Договорот од Преспа што Грција се стреми да се спроведат, ќе останат неактивни или никогаш нема да се спроведат од една националистичката влада во Скопје, пишува онлајн изданието на весникот „То вима“.

– Грција , како што е и логично, внимателно ги следи внатрешните случувања. Од нејзина страна, грчката влада не би сакала на изборите во април во Северна Македонија да победи ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи во таков случај тоа би имало национална реторика во соседната земја. Од друга страна, дури и при можна победа на ВМРО-ДПМНЕ, Договорот од Преспа не може да се поништи, можеби би постоеле мали пресврти, пишува информативниот портал „Ајефимерида“.

Грчките новинари коментираат дека ветото на Франција на минатонеделниот Самит на ЕУ и неможноста да се постигне договор за почеток на пристапни преговори за Северна Македонија се причините за предвремените парламентарни избори.

Во однос на синоќешната лидерска средба, медиумите во Грција ги пренесуваат и вчерашните изјави како на претседателот Стево Пендаровски, така и на премиерот Зоран Заев, пишуваат дека постоело консензус и за европскиот пат на Северна Македонија и договор изборите да се одржат на 12 април следната година. Паралелно објаснуваат и информираат дека на 100 дена пред изборите, односно на 3 јануари 2020 ќе биде формирана техничка влада.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ